Мелони не сака коалиција со десничарите во Парламентот на ЕУ

Две пан-европски чадор групи на крајно десничарскиот политички спектар не планираат да се спојат, но имаат многу простор за соработка во клучните области, изјави денеска италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Шпекулациите за престројување на европските политички групи следеа откако екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD) беше исфрлена од пратеничката група „Идентитет и демократија“ (ID) на популистичките десничарски партии во Европскиот парламент.

Партијата „Италијански бараќа“ на италијанската премиерка е дел од пратеничката група на европските конзервативци и реформисти (ECR), а италијанската лидерка претходно изјави дека гледа допирни точки со елементи на ID, но не и со AfD.

Сепак, Мелони рече дека не очекува промени во структурата на десничарскиот табор во Европа.

„Нема обединување на повидок меѓу ECR и ID. Сепак, тоа не значи дека двете групи не можат да соработуваат за некои прашања, што веќе се случува“, рече Мелони.

Очигледно, додава Мелони, „има заеднички точки, првенствено кога станува збор за борбата против илегалната миграција, попрагматичен пристап кон транзициите, особено зелената транзиција и одбраната на европскиот културен идентитет“.

Еден од главните сојузници на Џорџа Мелони, Lega, е дел од ID, додека нејзиниот друг коалициски партнер, Форца Италија, е член на централно-десничарската мејнстрим група, Европската народна партија (EPP).

Пред изборите за Европскиот парламент во јуни, Мелони рече дека сака на европско ниво да го повтори сојузот што ја одржува нејзината влада во Рим.

„Мислам дека има простор за промени, особено имајќи ја предвид можноста за создавање различни мнозинства од досегашните“, рече Мелони, јасно повикувајќи ги EPP, ECR и ID да соработуваат во следниот состав на ЕП.

Сепак, ова сценарио не изгледа веројатно бидејќи EPP во неколку наврати ја отфрли можноста за соработка со клубовите на претставници во ID, особено со Националниот собир под палката на Марин Ле Пен.

реклама

Кои хороскопски знаци ќе „процветаат“ по 21 април?

Read more

Едно масло и за кожа, и за коса: Подмладува, брише лузни, ја обновува сувата коса

Read more

Како Уран во Близнаци oд 20 до 26 април влијае на секој хороскопски знак? 

Read more

Прва реакција на Кремљ за победата на проруската партија во Бугарија

Read more

Свет

Маѓар до Фицо: Политички разговори ќе има само со гаранции за Унгарците во Словачка

Read more

Пресврт за Јапонија: Првпат по 80 години ќе врши извоз на оружје

Read more

Европскиот суд го поништи анти-ЛГБТИ законот на Унгарија

Read more

Зошто Кина не ја снајде нафтена криза?

Read more
 

Вести

Маѓар до Фицо: Политички разговори ќе има само со гаранции за Унгарците во Словачка

Читај повеќе

Утре променливо облачно со врнежи од дожд, наместа во форма на невреме

Читај повеќе

Утре ќе нема струја во делови од Дебар Маало

Читај повеќе

СДСМ тврди: Груевски има унгарски и српски пасош

Читај повеќе

Мотоциклист нападнал малолетник откако му го погодил моторот со балон со вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Раскопан гроб со статус на културно наследство во Старо Нагоричане

Читај повеќе

Филозофскиот факултет незаконски запишувал студенти на магистерски и докторски студии, потврди Јаневска

Читај повеќе
  • play_arrow

Ограничени маржите на ѓубривата: Владата со мерки за стабилизација на цените

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Саксии канабис откриени во стан во Аеродром, уапсено едно лице

Читај повеќе