Меркел снимена како повторно неконтролирано се тресе
Германската канцеларка Ангела Меркел повторно е снимена како се тресе на јавно место, третпат во последниот месец, пренесува AP.
На средбата со финскиот премиер Анти Ринеа, Меркел видно се тресеше. Слични проблеми имаше на 18 јуни и на 27 јуни. И двата пати брзо се стабилизира и продолжи да се движи.
Првиот инцидент се случи во многу топол ден, а подоцна Меркел изјави дека сè било во ред откако испила три чаши вода. На самитот Г20, одржан во Јапонија на 29 јуни Меркел пред новинарите изјави дека го разбира нивниот интерес за нејзината здравствена состојба и додаде дека одлично се чувствува.