Мерки за претпазливост за Латас и Лазаров

Основниот кривичен суд Скопје им одреди мерки за претпазливост на новинарот Драган Павловиќ Латас и на јутуберот Стефан Лазаров во врска со обвинителниот предлог на Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

-По добивање на обвинителниот предлог, оформен е предмет со К.бр 457/23 кој согласно АКМИС системот е распредeлен на понатамошно постапување кај судија од одделот Кривично полнолетни кој постапувајќи по предлогот за определување мерки за претпазливост против двете лица донесе решение со кое предлогот на ОЈО Скопје се уважува, и на обвинетиот Д.П.Л. му се определува превентивна мерка заради присуство на обвинетиот и тоа – Привремено одземање на патната исправа односно забрана за нејзино издавање и Забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело односно Забрана за јавен настап со кој се промовира ширење расистички и ксенофобичен материјал, на обвинетиот С.Л. исто така му се определива мерка на претпазливост заради присуство на обвинетиот и тоа - Забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело односно забрана за јавен настап со кој се промовира ширење расистички и ксенофобичен материјал, се наведува во денешното соопштение од Основниот кривичен суд Скопје.

Оттаму посочуваат дека против ова решение странките имаат право на жалба во рок од три дена по приемот до Апелациониот суд Скопје.

Латас, гостувајќи во интервју како поткаст на Јутјуб каналот на Лазаров, објавено на 14 февруари, говореше за неговото сексуално искуство во тинејџерските денови со девојка притоа промовирајќи насилничко однесување. Интервјуто покрена низа реакции во јавноста, а Основното јавно обвинителство оформи предмет.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе