На Лионел Меси (34) му останува уште една година од договорот со ПСЖ, а веќе одлучи каде ќе игра од лето 2023 година, пренесува AS.
Меси наводно ќе купи акции во вредност од 35% од клубот чиј сопственик е Дејвид Бекам, а во лето 2023 година во него ќе дојде и како играч.
Пред заминување во МЛС и Интер Мајами, Меси ќе одигра уште една сезона во европскиот фудбал и ќе настапи на Светското првенство во Катар на крајот од годинава.
Меси и претходно се поврзуваше со Интер од Мајами, кој Бекам го основаше во 2018 година со намера да го направи еден од најсилните клубови во Северна Америка, а планира да ја искористи својата популарност и влијание во светот на фудбалот, за во својот клуб да донесе имиња како Меси.
Меси стигна минатата година во ПСЖ за годишна плата од 70 милиони евра, а за парискиот клуб постигна 11 голови и имаше 13 асистенции.