Меси од ПСЖ бара 40 милиони евра по сезона и загарантирано да биде стартер

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси (35) има два услова за ПСЖ ако францускиот клуб сака еден од најдобрите играчи на сите времиња да потпише нов договор, пренесуваат француските медиуми.

Актуелниот договор на Меси со клубот од Париз истекува на 30 јуни, а челниците на ПСЖ веќе почнаа да го спроведуваат продолжувањето на договорот со Аргентинецот.

„Нема да биде лесна задача. Меси ѝ дава предност на понудата на ПСЖ, но поставува два јасни услови за продолжување на договорот. Меси бара плата од 40 милиони евра по сезона и сака гаранција дека секогаш ќе биде во стартниот состав на ПСЖ, без разлика кој да биде тренер на клубот. Аргентинецот сака да остане во форма бидејќи планира следната година да игра на Копа Америка“, пишуваат Французите.

Меси има право да преговара и со други клубови, но аргентинскиот новинар Цезар Луис Мерло наведува дека неговиот сонародник сака да остане во ПСЖ.

„Позицијата на Меси не е променета до денес, неговите намери се да остане во ПСЖ. Закажани се состаноци за продолжување на договорот кој истекува на 30 јуни, за да се разработат некои детали“, изјави тој.

Мерло додаде дека засега не размислуваат за други дестинации.

Тагови
реклама

Рисицата Благица ги израдува македонските еколози

Read more

Утрински навики што влијаат на здравјето на вашето срце

Read more

Зошто денешните автомобили имаат сè помали резервоари за гориво?

Read more

Не фрлајте ги старите фармерки: Со едноставен трик повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Фудбал

Ново поскапување на трошоците за навивачите на СП 2026

Read more

Die Welt: Реал Мадрид – Најлошите губитници во светот

Read more

Алаба го напушта Реал

Read more

Германците може да им го украдат на Шпанците петтиот претставник во ЛШ

Read more
 

Спорт

Ново поскапување на трошоците за навивачите на СП 2026

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ја сподели тактиката на размислување пред натпревар

Читај повеќе
  • play_arrow

Die Welt: Реал Мадрид – Најлошите губитници во светот

Читај повеќе

Алаба го напушта Реал

Читај повеќе

Верстапен разочаран: Сакам да ја напуштам Формула 1, ова со правилата...

Читај повеќе

Германците може да им го украдат на Шпанците петтиот претставник во ЛШ

Читај повеќе

Меси купи клуб во Каталонија

Читај повеќе

Ракометарките на ЕП во група со европскиот и светскиот првак и еден од кодомаќините

Читај повеќе

Пожар ги уништи соблекувалните на Базел

Читај повеќе