Металург убедлив против Татран Прешов

Ракометарите на Мателург ја забелажаа првата победа во СЕХА лигата, откако во Скопје славеа против Татран Прешов со 27-21 (14-9).

Металург конечно ја запиша првата победа во новата сезона, по трите минимални порази (Вардар, Мешков Брест и Веспрем), тимот на Лино Червар со убедлива игра во речиси целиот меч го победи Татран и си направи убава увертира за стартот во Лигата на шампионите.

Македонскиот вицепрвак добро влезе во натпреварот, концентрирано, мотивирано и ефикасно. Првото отворање беше со 4-0, потоа со 6-2 и 9-3 и предност од пет гола по првиот дел 14-9.

Слично започна и второто полувреме се до 19-11, кога металурзите зачестија со технички грешки, му дозволија на Татран да се доближи на три гола, но потоа повторно го кренаа нивото на својата игра и рутински го завршија натпреварот со конечни 27-21.

„Заслужено победивме. Одлично влеговме во натпреварот, постигнувавме лесни голови и успеавме да создадеме голема предност. Со неколку непромислени грешки му дозволивмке на Татран да се доближи. Знаеме дека пред нас е уште многу работа“ - рече Лино Червар по мечот.

Талески со седум голови и голманот Арсиќ со 13 интервенции беа најдобри во составот на Металург.

реклама

Ракомет

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Read more

Штербик имал срцев удар

Read more

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Read more

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more
 

Спорт

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Читај повеќе

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе