НБА 2022/2023

Мичел постигна 71 поен против Чикаго и влезе во историјата на НБА

Кошаркарот на Кливленд Кавалирс, Донован Мичел, одигра феноменален натпревар во победата на неговиот тим над Чикаго Булс со 145:134, а на крајот постигна вкупно 71 поен и имаше 11 асистенции.

На овој натпревар победникот беше решен по продолжение, а за дополнителното време се избори токму Мичел, кој на 3 секунди пред крајот намерно промаши слободно фрлање, а потоа ја фати топката и постигна двојка за израмнување.

Ова беше првиот натпревар во историјата на НБА во кој играч постигнал дабл-дабл со повеќе од 70 поени, односно имал и најмалку 10 асистенции, а воедно стана само третиот играч овој век, по Коби Брајант и Девин Букер, кој постигнал над 70 поени во еден натпревар. Вкупно 7 играчи во историјата на НБА успеале да направат ваков подвиг.

URL

Вилт Чејмбрлејн шест пати во кариерата постигна повеќе од 70 поени, а таков подвиг постигнаа и Дејвид Томпсон, Елгин Бејлор и Дејвид Робинсон.

Севкупно, Мичел имаше 22 уфрлувања од поле од 34 обиди, како и 7 од 15 обиди за 3 поени. Од линијата за слободни фрлања шутираше 25 пати, од кои 20 прецизно. Заедно со споменатите 11 асистенции имаше и 8 скока и беше на само два скока до остварување на неверојатен трипл-дабл учинок.

URL

Сезонана Мичел одигра вкупно 33 натпревари и во просек постигнуваше по 28 поени, додека во НБА лигата има одиграно вкупно 378 натпревари и моментално има просек од 24,2 поени по натпревар.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Кошарка

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Read more

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Read more

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Read more

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе