Мицкоски: Одзивот можеби нема да биде висок, но ќе биде кредибилен за идна Влада

Одзивот на гласањето на 15 јули можеби нема да биде како на претходни избори кога се движел над 65 проценти, но ќе биде доволен за да бидат кредибилни изборите, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при денешната средба со прилепските стопанственици, каде партијата и коалицијата „Обнова за Македонија“ ја претстави својата изборна програма.

– Ценам дека одзивот на денот на гласањето ќе биде помал од вообичаеното, но не очекувам дека ќе се реализираат предвидувањата дека ќе биде 40 или 45 проценти. Сметам дека ќе биде повеќе од тоа. Можеби нема да стигнеме до бројката од 65 до 67 проценти одзив како порано, но ценам дека ќе биде кредибилна за идната влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ веднаш, уште од првиот ден ќе може да се зафати со структурни реформи и излез од моменталната ситуација во која се наоѓаме, рече Мицкоски.

Мицкоски изјави дека на средбата со прилепските стопанственици ја претставиле читанката на ВМРО-ДПМНЕ насловена „Проект – Обнова“со фокус на економската понуда. Според Мицкоски, главен акцент е на изградбата на патот Скопје-Прилеп-Битола-Меџитлија.

– Претставниците на компаниите од регионот ни ги презентираа нивните гледишта, анализиравме дел од политиките и предлозите кои ВМРО-ДПМНЕ ги предлага во оваа изборна програма кои ќе ќе бидат дел од програмата на Владата. Првенствено го споменавме автопатот кој би се изградил од Скопје преку Прилеп, Битола до Меџитлија, до границата со нашиот јужен сосед, дамнешна желба на жителите од пелагонискиот крај, на прилепчани. Цениме дека овој инфраструктурен проект многу ќе ги подобри квалитетот на животот, комуникацијата и условите на бизнис заедницата од регионот. Зборувавме за политиките во земјоделството со акцент на тутунот и на тутунопроизводителите, за реформите во образованието, во администрацијата, за дигитализацијата, за фискалната политика, за пандемијата и кои се мерките и како ќе излеземе. Средбата беше корисна. Ние можевме да се презентираме и имавме интерактивност со стопанствениците, изјави Мицкоски.

Ирена Јакимоска, претседател на прилепската регионална стопанска комора потенцира дека за време на корона кризата досега компаниите не отпуштија многу работници. На стопанствениците, како што рече, најбитна им е инфраструктурата.

– Може да кажеме дека во Прилеп и во регионот засега нема големи отпуштања на работниците поради корона кризата и прилепските компании врз основа на сопствените ресурси успеваат да се носат со кризата. Но, заедничкиот став на пелагонискиот регион е дека која и да е партија, која ќе формира Влада, клучно и единствено прашање за новата администрација ќе биде инфраструктурата. Без неа, немаме темели за другите планови. Не само поради протокот на стоки и услуги, туку и за заштита на животите на луѓето, рече Јакимоска.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе