Мицкоски: Вирусов е страшен, денес ми е прво утро без температура

Лидерот нa ВМРО-ДПМНЕ се обрати во јавноста првпат откако е хоспитализиран поради COVID-19.

Мицкоски веќе скоро две недели се наоѓа на лекување во Инфективната клиника во Скопје откако се зарази со коронавирусот. На својот профил на Facebook ги сподели впечатоците од болеста.

„Тринаесетти ден откако сум ковид-позитивен. Поминав исклучително тешки 12 дена, велат излегувам од т.н. цитокинска бура, интерлеукин 6 се намалувал. Денес ми е прво утро без покачена температура, подобро се чувствувам“, го почнува својот статус.

„Ова што јас го преживувам не сакам да биде ничија реалност бидејќи вирусов е страшен. Сакам да упатам јавна благодарност до целиот медицински персонал на Инфективна клиника во Скопје. Секој од нив е вистински борец и нивната посветеност и пожртвуваност не се опишува со зборови“, додава.

Потоа, како лидер на опозицијата, ја критикувапше и власта за ситуацијата со коронавирусот во државава и тоа што вакцинацијата сѐ уште не е почната, освен за медицинските лица.

„Жално и трагично е што сѐ уште не е започнат процесот на вакцинација бидејќи без тоа нема решение, а очигледно за него ќе чекаме уште многу. Ќе помине и мојата здравствена мака, ама ќе започне маката на Владата заради оваа неодговорност и неспособност за набавка на вакцини. Не е време за циркус со шпиунски игри, треба сериозни луѓе на вистински места што знаат како. Ако на времето беше смешно кога ќе слушневме дека блескаме, денес е трагично бидејќи блескаме поради срамот, простотилукот, неспособноста на власта. Доаѓа денот за одговорност“, заврши тој.

13 ден откако сум ковид позитивен. Поминав исклучително тешки 12 дена, велат излегувам од т.н., цитокинска бура,...

Posted by Hristijan Mickoski on Tuesday, March 9, 2021
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Македонија

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Read more

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Read more

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Read more
 

Вести

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Читај повеќе

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Читај повеќе

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе