Мицотакис: Човечка грешка е причина за железничката несреќа во која загинаа 43 лица

Една од најтешките железнички несреќи во Грција, која однесе најмалку 43 животи, е предизвикана од „трагична човечка грешка“, изјави премиерот на земјата Кирјакос Мицотакис.

Премиерот Кирјакос Мицотакис зборуваше по посетата на местото на верижниот судир меѓу патнички и товарен воз во вторникот вечерта.

Локалниот началник на железничката станица беше обвинет за убиство од небрежност, а грчкиот министер за транспорт поднесе оставка. Во несреќата загинаа најмалку 43 лица, а се очекува бројот на повредени да се зголеми.

Несреќата се случила во вторникот нешто пред полноќ. Патнички воз со околу 350 луѓе се судрил со товарен воз додека излегувал од тунелот по напуштањето на градот Лариса. Сѐ уште не е јасно зошто двата воза завршиле на иста пруга.

Началникот на станицата, кој е задолжен за сигнализација, ја негира вината и за несреќата обвини можен технички дефект.

По посетата на локацијата, Мицотакис рече дека сè укажува на „трагична човечка грешка“.

„Судот ќе си ја заврши работата“, рече тој во телевизиско обраќање. Луѓе ќе одговараат, а државата ќе биде на страната на народот.

Објавувајќи ја својата оставка, министерот за транспорт Костас Караманлис рече: „Кога се случува нешто толку трагично, невозможно е да се продолжи и да се преправаме дека не се случило“.

Синдикатите велат дека несреќите се мултифакторни и дека несреќата ги истакнала хроничните недостатоци, вклучително недостатокот на персонал, неисправните сигнали и застарените капацитети.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе