Мијалков нема да одговара за „Тортура“, Апелација ја одби жалбата на ЈО

Апелациониот суд Скопје ја одби како неоснована жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје во врска со случајот „Тортура“ и ја потврди пресудата на Основниот кривичен суд Скопје.

-  Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека, постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-274/22, во јавноста познат како „Тортура“, по одржана јавна седница и разгледување на жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје, одговорот на жалбата на обвинетите и предлогот на Вишото јавно обвинителство Скопје, со кој предлага да се одбие како неоснована жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје, а првостепената пресуда да се потврди, по одржаните советување и гласање на 7.2.2023 година, донесе пресуда со која жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје ја одби како неоснована и ја потврди пресудата на Основниот кривичен суд Скопје К. бр.1959/17 и К. 528/18 од 23.7.2021 година, стои во соопштението.

Како што информираат од Апелациониот суд, Советот утврдил дека првостепената пресуда е јасна, разбирлива, подобна за испитување и не содржи суштествени повреди на одредбите на Законот за кривична постапка.

- Советот на Апелациониот суд Скопје утврди дека првостепената пресуда е јасна, разбирлива, подобна за испитување, не содржи суштествени повреди на одредбите на ЗКП, а фактичката состојба е правилно утврдена, при што првостепениот суд утврдил поинаква фактичка состојба од изложената во поднесениот и прецизиран обвинителен акт на Основното јавно обвинителство Скопје, стои во соопштението од Апелациониот суд.

Судечкиот совет на чело со судијката Александра Ристеска изрече ослободителна пресуда во предметот „Тортура“ за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот командант на полициската единица „Алфа“, Ивица Анчевски – Пуки и петмината „алфи“, Новица Станковски, Петар Милошевски, Филип Атанасов, Јован Боцевски и Метуш Шабани. Според Советот, јавниот обвинител, Љубомир Лапе, не докажал надвор од основано сомнение дека тие се виновни за делото „мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување“.

Случајот се однесуваше на начинот на кој беше уапсен лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011 година, ден по тогашните парламентарни избори.

реклама

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Македонија

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Read more

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Read more

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Read more
 

Вести

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Читај повеќе

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Читај повеќе

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе