УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2021/22

Милан се врати од мртвите, Борусија елиминирана

Синоќа се комплетираше 5. коло од групната фаза во Лигата на шампионите каде Милан го совлада Атлетико и направи вистинска лудница во групата Б. Борусија се соочи со елиминација откако падна во Лисабон.

Група А

Манчестер Сити - ПСЖ 2:1
63' Рахим Стерлинг, 76' Габриел Жезус - 50' Килјан Мбапе

Манчестер Сити со пресврт го доби дербито со ПСЖ и го завери првото место, а сепак и ПСЖ прослави пласман во наредната фаза, иако со пораз, благодарение на тоа што белгиски Бриж доби доби петарда од Лајпциг.

Бриж - Лајпциг 0:5
12', 90'+3 Кристофер Нкунку, 17', 45'+1 Емил Форсбериј, 26' Андре Силва

Табела:
  1. Манчестер Сити 12
  2. ПСЖ 8
  3. Лајпциг 4
  4. Бриж 4

Наредно, последно коло:

Лајпциг - Манчестер Сити
ПСЖ - Бриж

Група Б

Со гол на три минути пред крајот Милан направи изненадување славејќи среде Мадрид против Атлетико и ја запиша првата победа во Лигата на шампионите. Со ова, како и поразот на Порто во Ливерпул, ситуацијата во оваа група сега е крајно неизвесна и три екипи во последното коло ќе се борат за второто место.

Ливерпул - Порто 2:0
52' Тиаго Алкантара, 70' Мохамед Салах

Атлетико - Милан 0:1
87' Жуниор Месиас

Табела:

  1. Ливерпул 15
  2. Порто 5
  3. Милан 4
  4. Атлетико 4

Наредно, последно коло:

Милан - Ливерпул
Порто - Атлетико

Група Ц

Спортинг - Борусија 3:1
30', 39' Педру Гонсалвеш, 81' Педро Поро - 90'+3 Донјел Мален
Црвен картон: 74' Емре Џан (Б)

Лисабонски Спортинг конечно, првпат по сезоната 2008/09, успеа да ја мине групната фаза откако синоќа ја среди Борусија од Дортмунд. Иако во теорија на крајот Германците може да завршат со ист број бодови како и Португалците, во меѓусебниот дуел Спортинг е подобар бидејќи во Дортмунд загуби со минимални 1:0. За Борусија останува Лига Европа.

Бешикташ - Ајакс 1:2
22' Рашид Гезал - 54', 69' Себастјан Халер

Табела:
  1. Ајакс 15
  2. Спортинг 9
  3. Борусија 6
  4. Бешикташ 0

Наредно, последно коло:

Ајакс - Спортинг
Борусија - Бешикташ

Група Д

Работите се избистрија и во Д групата каде фаворитите Реал и Интер се зацементираа на првите две позиции и обезбедија пласман во осминафиналето откако ги совладаа Шахтар и Шериф. Во последното коло во меѓусебниот дуел во Мадрид единствено останува да одлучат кој како прв ќе влезе во жрепката и ќе добие, условно кажано, полесен противник. Молдавски Шериф продолжува во Лига Европа.

Интер - Шахтар 2:0
61', 67' Един Џеко

Шериф - Реал Мадрид 0:3
30' Дејвид Алаба, 45'+1 Тони Крос, 55' Карим Бензема

Табела:
  1. Реал Мадрид 12
  2. Интер 10
  3. Шериф 6
  4. Шахтар 1

Наредно, последно коло:

Реал Мадрид - Интер
Шахтар - Шериф

Натпреварите од последното коло се играат на 7 и 8 декември.

реклама

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Министерот Филипче се сретна со сопствениците на три приватни болници

Read more
Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Read more

Динамо останува без тренер, потврдена затворската казна за Мамиќ

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе