Милчо Манчевски на чело на жирито за 46. Филмски фестивал ФЕСТ

Во главната конкуренција на 46. Меѓународен филмски фестивал ФЕСТ во Белрад ќе се натпреваруваат 16 остварувања од Унгарија, Данска, Иран, Кина, Аргентина, Либан, Грција, Хрватска, САД, Русија, Италија и Швајцарија, а за победниците во оваа селекција ќе одлучува меѓународно петчлено жири на чело со македонскиот режисер Милчо Манчевски.

„Најдобриот филм од оваа селекција ќе го добие признанието Белградски победник, а ќе бидат доделени и награда од жирито, награда за најдобра режија, сценарио, главна машка улога, главна женска улога, како и најдобар дебитантски филм“, соопшти ЦЕБЕФ.

Членови на жирито со кое ќе претседава Манчевски се Јован Јовановиќ, Елма Татагиќ, Мира Тураљиќ и Горан Кичиќ.

Дебитантскиот филм на Манчевски „Пред дождот“ (1994) беше номиниран за Оскар, ја освои наградата Златен лав на Филмскиот фестивал во Венеција, како и наградите ФИПРЕСЦИ и Независен дух, како и 30 други признанија, стои во соопштението од фестивалот.

„Њујорк тајмс“ го вброи во листата 1.000 најдобри филмови на сите времиња.

Манчевски исто така ги има режирано долгометражните филмови „Бикини мун“ (2017), „Мајки“ (2010), „Сенки“(2007) и „Прашина“ (2001), како и една епизода на серијата „Wire“ на HBO.

„Бикини мун“ ќе се прикажува во рамки на селекцијата „ФЕСТ претставува“.

Годинашното издание на фестивалот ФЕСТ ќе се одржи од 23 февруари до 3 март.

реклама

Избраниот тргнува во потрага по единственото нешто што му избега

Read more

Американците распределија ракетни системи што може да досегнат до Москва

Read more

Локално невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во наредните денови

Read more

Шефицата на AfD: Има премногу доселеници кои само го користат германскиот систем за социјална помош

Read more

Култура

Страст, љубов и трагичен расплет – Кавалерија рустикана на сцената на Националната опера и балет на 11 септември

Read more

Дигитално реставрираниот Солунски атентатори премиерно ќе го отвори фестивалот Нем филм 2026

Read more

Кои ќе бидат гости на 13. „Скопје фелоушип“ на фестивалот ПРО-ЗА Балкан?

Read more

Црно злато - нова претстава на МНТ со потписот на Слободан Унковски и Дејан Дуковски

Read more

Вести

Мицкоски: Можеби не се живее онака како што посакуваме, но Македонија е подобро место од пред 3 години

Читај повеќе
  • filter

8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци

Читај повеќе

Канада возврати на САД: Стапија во сила царини до 50%

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај вечер во Скопје

Читај повеќе

Играњето на Трамп со мапата предизвика дипломатски скандал: Американскиот амбасадор во Исланд повикан на разговор

Читај повеќе

Ахмети: Да не се враќаме кон политиките што разделуваат, туку да одиме кон држава што обединува

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица со контра видео: Сè што не собра во славеничкото видео на власта

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме таква ќе имаме, да ги искорениме криминалот и корупцијата, да изградиме праведно општество

Читај повеќе

Демократски сојуз: Тежок пат до независност

Читај повеќе