КВАЛИФИКАЦИИ ЗА УЕФА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

Милевски со 29 играчи ќе ги напаѓа Италија и Малта

Филип Здравески
/ 30.08.2023 / 11:00

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација го објави списокот на повикани играчи за претстојните квалификациски натпревари за пласман на ЕУРО 2024 против Италија дома и Малта на гости.

Фото: ФФМ

Благоја Милевски повика 29 играчи, меѓу кои двајца дебитанти. Станува збор за 26-годишниот десен бек на данскиот прволигаш Хвидовре, Ахмед Иљазовски, роден и израснат во Данка и кој досега нема настап ниту за младинските репрезентации, и за поранешниот младински репрезентративен офанзивец Димитар Митровски. Тој сега има 24 години, а претходно настапуваше за сите македонски младински репрезентации.

По некое време во репрезентацијата се враќа крилото Марјан Радески, кој летово играше во одлична форма за Струга во европските натпревари. На списокот, очекувано, го нема капитенот Стефан Ристовски кој најави дека нема да игра за репрезентацијата додека селектор е Милевски. Неговиот помал брат Милан е меѓу повиканите.

На списокот е и Дарко Чурлинов иако сѐ уште е надвор од зелениот терен откако на почетокот од јуни почна да се лекува од сепса. Во неделата, тренерот на неговиот клуб Барнли најави дека Дарко наскоро треба да се врати на теренот.

Од домашната лига има само двајца претставници и тоа резервниот голман Алексовски од Работнички и Радески од шампионот Струга.

Голмани:
Столе Димитриевски – Рајо Ваљекано (Шпанија)
Дамјан Шишковски – Докса (Кипар)
Игор Алексовски – Работнички

Одбрана:
Висар Муслиу – Падерборн (Германија)
Ѓоко Зајков – У Крајова (Романија)
Никола Серафимов – Фехервар (Унгарија)
Јован Манев – Адана Демирспор (Турција)
Езѓан Алиоски – Ал Ахли (Саудиска Арабија)
Бојан Димоски – Акрон (Русија)
Ахмед Иљазовски – Хвидовре (Данска)
Стефан Ашковски – без клуб
Дарко Велковски – Ал Етифак (Саудиска Арабија)

Средина:
Енис Барди – Трабзонспор (Турција)
Јани Атанасов – Краковија (Полска)
Агон Елези – Вараждин (Хрватска)
Аријан Адеми – Бејѕин Гуоан (Кина)
Елиф Елмас – Наполи (Италија)
Давид Бабунски – Мезековешд (Унгарија)
Давор Здравковски – Мадервил (Шкотска)
Љупчо Дориев – Согдиана (Узбекистан)

Напад:
Илија Несторовски – Асколи (Италија)
Милан Ристовски – Спартак (Словачка)
Бојан Миовски – Абердин (Шкотска)
Александар Трајковски – без клуб
Дориан Бабунски – Грасхоперс (Швајцарија)
Димитар Митровски – Вараждин (Хрватска)
Марјан Радески – Струга
Ваљон Етеми – Истанбулспор (Турција)
Дарко Чурлинов – Барнли (Англија)

Собирот на репрезентацијата е на 4 септември во хотелот „Хилтон“ во Скопје. Ќе се тренира во Скопје до дуелот со Италија на 9 септември од 20:45 часот на Националната Арена „Тодор Проески“, а потоа наредниот ден репрезентацијата лета за Малта каде на 12-ти исто од 20:45 часот ќе му се спротивстави на аутсајдерот во групата.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе