КВАЛИФИКАЦИИ ЗА УЕФА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

Милевски со дополнителен повик за дебитантот Исник Алими

Филип Здравески
/ 07.09.2023 / 11:23

На три дена до дуелот со Италија македонскиот селектор повика нов играч во репрезентацијата.

Станува збор за искусен 29-годишен играч од средниот ред која е дебитант во репорезентацијата,. Моментално настапува за романскиот прволигаш Шепши, а претходно има играно за азербејџанскиот Габала, Шибеник во Хрватска, како и италијанските Имолезе, Римини, Виченца, Форли, Мачератезе и Лумецане, во сите како позајмен од Аталанта и Киево, калчолигаши за кои никогаш не настапи. Претходно настапуваше и за хрватскиот Новиград и домашниот Охрид. Родум од село Делогожди, Струшко, кариерата како младинец ја почна во струшки Влазними. Со младинскиот тим на Киево стана шампион на Италија. 

Како младински фудбалер има настапувано за македонските У17 и У19 репрезентации, а има и 6 натпревари за У21 репрезентацијата на Албанија, но само на пријателски натпревари бидејќи поради проблеми со докуметацијата Албанската федерација не можеше да го регистрира во ФИФА.

„Алими бележи одлични игри во романското првенство со Шепши. Неговото искуство и формата во која се наоѓа може само да ја зголеми конкуренцијата во нашиот тим и да ни донесе дополнителен квалитет“, изјави селекторот Благоја Милевски.

Може да игра и во дефанзивната средина, што фрла сомнеж дека е повикан како замена за Аријан Адеми, кој има повреда на листот, а и замина во Загреб да го заврши враќањето во Динамо. 

Исник Алими денеска во 18:30 часот ќе го има првиот тренинг со репрезентацијата на Македонија.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе