Милијарди снежни ракови исчезнаа од водите околу Алјаска

Ловот на снежни ракови на Алјаска за прв пат во историјата е откажан откако милијарди ракови исчезнаа од водите на Берингово Море.

Официјалните лица за риболов соопштија дека популацијата на морски ракови во Берингово Море е опадната под пропишаната граница, а податоците говорат дека нивниот број е намален од околу 8 милијарди во 2018 година на милијарда во 2021 година.

„Снежниот рак е најзастапен од сите видови раков во Берингово Море, а кои се ловат комерцијално. Поради тоа, шокантен е фактот дека милијарди исчезнале, вклучително женки и младенчиња“, изјави истражувачот Бенџамин Дејло.

Втора година по ред е забранет ловот на црвени кралски ракови. Податоците од ланските истражувања и од годинава говорат дека бројот на зрели мажјаци снежни ракови  е намален за околу 40 проценти.

Според други експерти, климатските промени се значаен фактор во намалување на бројот на ракови.

Снежните ракови се вид што живее во студени води и ги има многу онаму каде владеат температури под два степени. Како што океаните се загреваат и морскиот лед исчезнува, океанот околу Алјаска станува неповолен за живот на раковите.

реклама

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Read more

Џигер со кромид натопен во млеко - за најдобар вкус

Read more

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалицирање со партиите – во фокусот се 3 точки

Read more

Пораките на келтски за Палестина не ја измамија Евровизија - Бамби морала да ги тргне

Read more

Наука

Како хибридното дете на човек и неандерталец ја промени човечката историја?

Read more

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Read more

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Read more

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Како хибридното дете на човек и неандерталец ја промени човечката историја?

Читај повеќе

Бизарен извештај на ЦИА од 1983 за менувањето димензии со умот

Читај повеќе
  • play_arrow

Како се креира содржина во поновите верзии на Microsoft Word?

Читај повеќе

TikTok ја тужи Белата куќа: Си го кршат сопствениот устав, ќе замолкнат 170 милиони Американци

Читај повеќе

Tи се игра „змија?“

Читај повеќе

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Читај повеќе

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Читај повеќе

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Читај повеќе
  • play_arrow

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Читај повеќе