ПОЧНУВА ЕРАТА НА ВСЕЛЕНСКИОТ ТУРИЗАМ

Милиони долари за место во вселенското летало на Џеф Безос

Blue Origin, приватната ракетна компанија на милијардерот Џеф Безос, соопшти дека моментално највисоката понуда за место на вселенското летало New Shepard е 2,4 милиони долари во вториот круг од аукцијата.

Компанијата соопшти дека примила повеќе од 5.200 понуди од 136 различни земји во првиот круг на аукцијата, чија најголема понуда не беше објавена додека не заврши рундата.

Вториот круг започна со почетна понуда од 1,4 милиони долари, според податоците на веб-страницата на Blue Origin. Процесот ќе трае до 10 јуни и ќе заврши во последната фаза на 12 јуни, со онлајн аукција во живо.

Датумот за летот е 20 јули

Ракетната компанија го избра 20 јули за првиот суборбитален лет со разгледување, што ќе биде пресвртна точка во трката за вселенскиот туризам и ќе започне нова ера на приватни комерцијални патувања во вселената.

Ракетата и капсулата New Shepard се дизајнирани за автономен превоз на шест патници на надморска височина од над 100 километри над површината на Земјата.

Во 2018 година, Ројтерс објави дека Blue Origin планира да им наплати на патниците возење од најмалку 200.000 американски долари, што се засноваше на проценка на плановите на ривалскиот милијардер Ричард Бренсон и неговата компанија Virgin Galactic Holding, но се чини дека тоа се промени во меѓувреме.

реклама

Вести

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе