Mini го откри досегот на новиот модел

Како што е познато, Mini е уште еден бренд кој сака да биде меѓу првите кои ќе имаат целосно електричен асортиман.

Нов дизајн ќе ги краси сите Mini, но со задржување на препознатливите линии на претходниците. Тоа ќе биде уште едно премиум семејство предводено од компактен автомобил, за кој сега се откриваат некои официјални информации.

Очекувано, и Mini ќе доаѓа од Кина, а ќе се произведува во соработка со кинескиот партнер, компанијата Great Wall. Spotlight Automotive, нивната заедничка компанија, е одговорна за развој на платформа специјализирана за електричен погон.

Во исто време, шефицата на Mini, Стефани Вурст, откри некои детали за британски Autocar. Така, во споредба со сегашниот модел, новиот Mini ќе биде поширок, а ќе се зголеми и меѓуоскиното растојание, но вкупната должина на автомобилот ќе остане на нивото на сегашната генерација. Сето тоа ќе придонесе за подобро чувство додека возите, но и за подобри возни карактеристики.

Клиентите ќе можат да избираат помеѓу два капацитети на батерии, помал од 40 и поголем од 54 kWh. Батериите се сместени во подот, а во случај на поголемиот капацитет би требало да имаат досег од 400 км. Интересно е што влезниот модел ќе го задржи сегашниот електричен погон со 181 КС, додека помоќниот ќе има 215 КС.

Засега нема информации за помоќни изведби на ниво на Brabus верзијата на новиот Smart, но најверојатно ќе пристигне една година подоцна со легендарниот потпис JCW (John Cooper Works). Новиот Mini ќе се појави на пазарот во мај следната година.

Во продажбата на Mini, електричната верзија има удел од 15 проценти, а производителот се надева дека овој удел ќе се зголеми на дури 50 проценти до 2025 година.

И изненадувањата не застануваат тука. Неколку месеци подоцна, односно во втората половина на следната година, Mini ќе претстави и верзии со конвенционален погон. Тие ќе имаат идентична надворешност, но ќе ја користат платформата FAAR од претходната генерација.

реклама

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Министерот Филипче се сретна со сопствениците на три приватни болници

Read more
Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Read more

Динамо останува без тренер, потврдена затворската казна за Мамиќ

Read more

Авто новости

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Read more

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Read more

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Read more

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more
 

Автомобили

  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе