Мирен протест поради пресудите за „Монструм“: Побарано ослободување на осудените

Ослободување на осудените во процесот „Монструм“, како и на лицата кои беа приведени, а дел и осудени, поради насилно однесување на претходниот собир одржан на 25 февруари, беше побарано од денешниот протест во Скопје организиран во знак на незадовоство од изречените пресуди на обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското Езеро.

Во обраќањата на протестот одржани во близина на седиштето на Владата, беше повторено барањето за одржување нов судски процес на обвинетите во случајот „Монструм“, со кој ќе раководат меѓународни судии и обвинители.

Бедри Ајдари од Иницијатигвата за организирање на протестот, во обраќањето побара во земјата да се практикуваат принципите на европското судство, при што, како што нагласи, нема да се прави дискриминација на обвинетите по етничка основа.

Дел говорниците на протестот порачаа дека овој осбир не е насочен против Македонците, туку дека се орагнизира само со барање за правда за сите.

 

Протестот започна од паркот во Чаир, од каде демонстраните се упатија по улицата „Цветан Димов“ кон Битпазар и потоа по булеварот „Гоце Делчев“ кон седиштето на Владата.

Движејќи се по скопските улици демонстрантите, меѓу другото, скандираа: „Без правда, нема мир“, „Нашите браќа неправедно лежат во затвор“, „Али предавник“ и „Ние сме автохтони“.

За петкратното убиство кај Смилковското Езеро, Судот на 23 февруари годинава во повторената постапка ги прогласи за виновни и им одреди доживотни казни затвор на обвинетите Халил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ, единствена казна затвор од 15 години одреди за Фејзи Азири и единствена казна затвор од 9 години за Хаки Азири.

Ова е втор протест откако Судот ги објави пресудите за петмината обвинети за петкратното убиство кај Смилковското Езеро на 12 април 2012 година. На претходниот протест, дел од демонстрантите се судрија со полицијата кај Бит Пазар при што беа повредени 11 полицајци, а беше нападната и новинарска екипа.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Хроника

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Read more

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Read more

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Read more

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе