Мистер Бин од реалниот живот
Во Стокхолм се одржа свечена вечера во чест на годинешните добитници на Нобелова награда, а еден келнер од настанот стана ѕвезда на вечерта.
Момчето стана хит на интернет бидејќи многумина ги потсети на Мистер Бин. Сè започна откако му падна парче храна од послужавникот зад грбот на еден од најпознатите шведски академици. Иако момчето се обиде да ја земе храната, не успеа во намерата, а неговата гримаса многумина ја споредија со изразите на познатиот лик Мистер Бин.
На вечерата присуствуваа 1.340 гости, а оброците беа направени од 40 врвни готвачи.