Мистериозен сигнал од вселената звучи како биење на срце

Во вселената е откриен мистериозен радиосигнал со звучна шема на биење на срце. Астрономите проценуваат дека сигналот дошол од галаксија оддалечена приближно милијарда светлосни години, но точната локација и причината за експлозијата се непознати.

Студијата која ги детализира наодите на истражувачите беше објавена во средата во списанието Nature. Брзите радиобранови или FRB се интензивни, долги милисекунди и доаѓаат од радио бранови од непознато потекло.

Првиот FRB беше откриен во 2007 година, и оттогаш стотици од овие брзи космички блесоци се откриени кои доаѓаат од различни, далечни точки низ универзумот.

Многу FRB ослободуваат супер-светли радио бранови кои траат најмногу неколку милисекунди пред целосно да избледат, а околу 10 проценти од нив се знае дека се повторуваат и имаат шаблони.

Брзите радио сигнали се толку брзи и неочекувани што е тешко да се детектираат.

Еден од ресурсите што се користат за да се забележат е радиотелескоп наречен Canadian Hydrogen Intensity Mapping Experiment, или CHIME, кој се наоѓа во Dominion Radio Astrophysical Opservatory во Британска Колумбија, Канада.

Овој телескоп, кој работи од 2018 година, постојано го набљудува небото и, покрај брзите радиорафали, е чувствителен и на радиобранови што ги емитува далечниот водород во вселената.

URL

Астрономите кои користат CHIME забележаа нешто на 21 декември 2019 година, што веднаш им го привлече вниманието: брз радиорафал кој беше „невообичаен на многу начини“.

Сигналот, наречен FRB 20191221A, траеше до три секунди, околу 1.000 пати подолго од типичните брзи радиосигнали.

URL

Истражувачкиот тим не ја знае точната галаксија од која потекнува експлозијата, а проценката на растојание од милијарди светлосни години е „многу неизвесна“. Иако CHIME е подготвен да бара радио рафали, не е толку добар во лоцирањето на нивните почетни точки.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе