Мистериозно суштество најдено на плажа во Калифорнија
На плажа во Калифорнија морето исфрли чудно суштество за кое е тешко да се претпостави што е. „Морското чудовиште“ нема некоја конкретна форма, нема ни очи, уста, пипалки, рогови, перки или нозе.
Она што паѓа во очи се двете големи топки. Суштеството е тешко околу седум килограми. Според претпоставките, можно е да се работи за голем морски полжав што испливал без оклопот, а може да е и сосема ново, досега неоткриено суштество.