Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Хенрих Мхитарјан не е само одличен на зелениот терен. Малкумина знаат дека тој е всушност многу успешен и надвор од него, а доказ се двете универзитетски дипломи и фактот што течно зборува дури 6 јазици.

Поранешниот ерменски репрезентативец и сегашен играч на Интер беше гостин во подкастот „Frog Talks“ на Андреа Ранокија. Меѓу другото, откри и каков е надвор од теренот.

На прашањето на Ранокија колку јазици зборува, Мхитарјан одговори: „Оние што ги зборувам одлично се 5: ерменски, руски, англиски, француски и италијански. Германскиот малку го подзаборавив, но кога некој пријател ми зборува на германски разбирам и добро се сеќавам“. Има познавања и од португалски и украински, но скромен е, нив не ги брои.

Потоа Ранокија го праша: „А, вистина ли е дека имаш завршена два факултета?“

„Да, имам две дипломи“, одговори тој.

„Ах, честитки! Додека играш фудбал е навистина тешко да се студира!“

Тогаш Ерменецот додаде: „Служев и војска...“

„И војска?! Ама, чекај, колку години имаш што си ги направил сите овие работи? 80?“, врати Ранокија.

„Пасошот вели 35 години“, низ смеа одговори Хенрих.

Потоа водителот го праша што планира да прави откако ќе ја заврши играчката кариера.

„Имам многу проекти... сепак, тешко дека ќе останам во фудаблот. Во животот има толку многу работи да се научат, не смее да се живее само од фудбал. Прво сакам да поминам време со мојата фамилија и пријателите. Потоа сакам да научам некои работи што ќе ми бидат од корист во животот“, рече Мхитарјан.

Remote video URL

После сето ова да го наречете Мхитарјан фудбалер - излегува како да го потценувате. Ерменецот низ годините воопшто не се фосилизирал само во својата професија, како што прават многу фудбалери, туку инвестирал во себе и во својата иднина. Едноставно, покажува дека во фудбалот постојат и играчи што се далекувидни и интелигентни.

Мхитарјан кариерата ја почна во младинските категории на Пјуник, а пред да заигра во сениорскиот тим мина еден период на позајмица во бразилски Саун Паулу. Потоа преку донечките клубови Металурх и Шахтар стигна до Борусија од Дортмунд, па на Островот во Манчестер Јунајтед и Арсенал, за од 2019 да дојде во Калчото во Рома и по три години во Интер, каде е и денес.

За репрезентацијата на Ерменија одигра 95 натпревари и постигна 32 гола, а разочара многумина кога во март 2022 година на 33-годишна возраст одлучи да замине во репрезентативна пензија.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе