КВАЛИФИКАЦИИ ЗА УЕФА У21 ЕУРО 2023

Младите фудбалери победија на гости кај Ерменија

Филип Здравески
/ 12.10.2021 / 17:56

Македонската репрезентација за фудбалери до 21 години го оствари првиот триумф во квалификациите за пласман на ЕУРО 2023 откако предмалку славеше среде Ерменија со 2:1.

Во својот четврти натпревар од новиот циклус квалификации Македонија влезе со две ремија и еден пораз, без победа. Но, уште од почетокот наште фудбалери покажаа далеку подобра игра и заслужено ги освоија бодовите.

Во 25. минута акпитенот Антовски нафрли од слободенудар од десната страна, го пронајде Ѓорѓиевски во шестнаесетникот кој беше највисок во скок играта со глава сместувајќи ја топката во домашната мрежа.

Младите македонски фудбалери имаа доста шанси за да го сголемат водството, особено преку стрелецот Ѓорѓиевски кој во уште неколку наврати шутираше, но голманот Нерсесјан бранеше. Обид имаше и Рустемовски, а пред водството Манев на двапати беше блиску до гол, но првиот пат Нерсесјан одбрани, а потоа ја погоди стативата.

На шест минути пред крајот Македонија ја запечати победата откако селекторот Драги Канатларовски ги погоди зимените. Двајцата играчи кои влегоа од клупата, Станковски и Максимов, учествуваа при голот откако првиот му намести на вториот.

Во последната минута од регуларниот дел Ерменците успеаја да се вратат во игра откако Максимов лошо расчисти, па Нарек Григорјан ја смести топката в гол.

Шестминутното судиско надополнување донесе страшен притисок на ерменските фудбалери, кои цело време играа во македонската половина.

За Македонија настапија: Давид Денковски; Блертон Шеји, Марио Младеновски, Јован Манев, Адриан Хајдари (74' Александар Ѓурковски); Али Адем, Томче Гроздановски; Филип Антовски (к) (82' Методи Максимов), Амел Рустемовски (82' Лука Станковски), Арби Воша (66' Емир Скендери); Марко Ѓорѓиевски (66' Марио Илиевски).

Во нашата група во моментов играат Украина против Фарски Острови, а подоцна се среќаат и Србија - Франција.

Моментална табела:

  1. Франција 7
  2. Украина 6
  3. Македонија 5
  4. Фарски Острови 5
  5. Србија 4
  6. Ерменија 3
Тагови
реклама

Ристовски за босанскиот фудбал: Не нè зае*авајте

Read more

„Смртта на Југославија“ – документарецот што сите го гледаа, а посакуваа никогаш да не беше снимен

Read more

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Read more

Русите составија ранг-листа на непријателски влади

Read more

Фудбал

Ристовски за босанскиот фудбал: Не нè зае*авајте

Read more

Колку заработува Хрватска со квалификациите за Светското првенство?

Read more

Верувале или не: Претседателот на ФФМ, Омерагиќ, има постигнато гол против Македонија

Read more

Гатузо го критикува системот на квалификации: Италија сруши рекорд, но ќе мора во бараж

Read more
 

Спорт

Ристовски за босанскиот фудбал: Не нè зае*авајте

Читај повеќе

Колку заработува Хрватска со квалификациите за Светското првенство?

Читај повеќе
  • filter

Верувале или не: Претседателот на ФФМ, Омерагиќ, има постигнато гол против Македонија

Читај повеќе

Пјастри: Односот со Норис никогаш не бил подобар

Читај повеќе

Гатузо го критикува системот на квалификации: Италија сруши рекорд, но ќе мора во бараж

Читај повеќе
  • play_arrow

ФИФА ги објави кандидатите за наградата Пушкаш

Читај повеќе

Костиќ удри по Пикси: Да имавме селектор немаше да изгубиме од Албанија

Читај повеќе

Милевски генерално задоволен од нулата со Латвија: Играчите ја оправдаа довербата

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо им се потсмеваше на Ирците, па го стигна карма и доби црвен

Читај повеќе