Мнозинството не го поддржаа штрајкот на „Фени“, од 850 вработени, на блокадите едвај стотина

Стотина вработени во „Фени“ денес два часа го блокираа патниот правец Прилеп – Градско во близина на мотелот „Дреново“.

Со фабричката сирена, облечени во работни униформи, вработените уште еднаш ги повторија барањата за сопирање на стечајот, исплаќање на платите во цел износ и статус на вработени сè до конечна продажба на фабриката.

Мнозинството вработени во „Фени“ не го поддржаа штрајкот оти на него гледаат како притисок фабриката да ја добие бугарски „Енекод“ за која банките соопштија дека се сомневаат оти има капацитет да ги преземе обврските и долговите бидејќи е компанија што пријавила загуби во првите шест месеци од годинава.

Вработените се жалат дека синдикалното раководство им вршело притисок да излезат на штрајк.

„Одат по канцеларии и се закануваат дека ќе нè избркаат од работа ако не излеземе на штрајкот што го организираат. Активирано е целото раководство, кое настојува со штрајкот да го скрие досегашното лошо работење и за тоа да ги обвини банките и должниците“, веалт вработените.

Еден од нив вели дека не излегол на штрајкот оти морал да менува колега.

„Го менувам колегата што мораше денес да оди во друг град, да моли за дрва за огрев иако веќе има платено дрва преку синдикатот. Не му ги доставуваат, а секој ден ги бара. Додека претседателот на синдикатот изигрува револуционер, тој нема како да си ги стопли децата“, вели вработениот.

И покрај малата поддршка, вработените што се на протести најавуваат дека ќе продолжат да штрајкуваат.

Банките се изјаснија дека не ја менуваат одлуката и остануваат на ставот дека иднината на „Фени“ е во реструктуирање преку стечај, кој ќе значи и репрограмирање на долговите во моментот кога ќе се појави сериозен инвеститор.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе