Компанијата Moderna во текот на летото ја тестираше бустер дозата за некои соеви на коронавирусот и веќе работат на доза за сојот омикрон, изјави денеска медицинскиот директор на оваа фармацевтска компанија Пол Бартон.
Бартон додаде дека Moderna за краток период може да развие бустер доза за омикрон сојот.
„Сметаме дека за неколку недели до два или три месеци ќе ја тестираме вакцината т.е бустер дозата специфична за омикрон сојот. Но, сепак, мора да бидеме внимателни. Не сакаме да погрешиме“, изјави Бартон за CNN.
Тој предвидува дека светот неколку недели ќе биде во неизвесност поради појавата на новиот сој.
„Треба да одговориме на три прашања: колку е заразен овој сој, колку е опасен и дали антителата од сегашните вакцини ќе бидат доволно ефикасни“, рече Бартон.
Бартон ги повика сите невакцинирани во САД да се вакцинираат, а оние коишто се вакцинирани да ги примат и дополнителните дози.
Изјави дека COVID-19 ќе стане ендемска болест за која ќе биде потребно редовно да се примаат дополнителни дози.