Модриќ најави повлекување од репрезентацијата

Лука Модриќ откри голема вест: светското првенство во Катар ќе му биде последно на кое ќе настапи.

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација и играч на гигантот Реал Мадрид во разговор за FIFA+ каналот, кој го најавува претстојниот Мундијал во Катар, потврди дека веста за која долго време се шпекулираше, а се однесува на неговото простување под национал дрес, е вистинита.

„Свесен сум дека ми се наближува крајот на кариерата и ова Светско првенство е последно натпреварување на кое ќе играм за Хрватска“, потврди Модриќ.

„Некои луѓе често ме прашуваат зошто и натаму играм за Хрватска наместо да се фокусирам на клубот. Репрезентацијата е нешто многу посебно за мене. Нема поголема радост од тоа да се игра за својата земја. Моето опростување најверојатно ќе биде тешко“, додаде хрватскиот ас.

Модриќ досега одигра вкупно 7 големи натпреварувања за Хрватска, од кои 3 Мундијали (2006, 2014 и 2018) и 4 Европски првенства (2008, 2012, 2016 и 2020), а претстојниов во Катар ќе му биде четврти. Го пропушти оној во 2010 во Јужна Африка бидејќи Хрватска не успеа да се квалификува. За „Ватрените“ има одиграно 154 натпревари на кои постигна 23 гола, а врвот на кариерата го постигна на Мундијалот 2018 во Русија кога со Хрватска загуби во финалето, но ја доби наградата за најдобар фудбалер на турнирот.

Не е познато дали 37-годишниот Модриќ ќе се повлече веднаш по Мундијалот во Катар. Тоа веројатно ќе зависи и од резултатите на Хрватска, но и натаму постои можноста да ја одигра завршницата од Лигата на нации каде Хрватска обезбеди пласман во фанјлфорот и ќе разигрува за титулата во јуни, а можеби би одиграл и дел од квалификациите за ЕУРО 2024 доколку од него биде побарана помош за Хрватска да се пласира.

38 години ќе наполни на 9 септември наредната 2023 година.

реклама

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Read more

Фудбал

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Read more

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Read more

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Read more

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Читај повеќе

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе