МојДДВ досега ја симнале 58.000 корисници, повратот на ДДВ околу 120.000 евра

Скопје, 5 јули 2019 (МИА) – Вкупно 57.973 корисници ја симнале апликацијата МојДДВ од веб-страницата на УЈП од нејзината промоција на 1 јули, заклучно со утрово.

Притоа, за истиот период прочитани се вкупно 433.204 сметки за остварен промет во вредност од околу 240.978.000 денари, со околу 7 милиони денари поврат на ДДВ или близу 120 илјади евра.

Како што истакна директорката на УЈП, Сања Лукаревска, на денешната средба со новинарите, мерката веќе ги дава првите посакувани ефекти од нејзината примена во однос на издавањето фискални сметки и справувањето со сивата економија.

Единствен проблем, додаде таа, во моментов околу примената на апликацијата е што таа не може да ја симнат корисниците на iPhone. Во врска со ова, таа појасни дека уште на 25 мај годинава од страна на УЈП било контактирано претставништвото на Apple Store за барање одобрение оваа апликација да биде ставена на нивниот сајт. Но, како што рече, заради мошне рестриктивните и строги правила на Apple, се одолговлекла оваа постапка и додаде оти се очекува во секој момент апликацијата МојДДВ да биде достапна и за корисниците на iPhone уреди на веб страната на Apple Store.

Поплаки од граѓаните до УЈП имало и за нејасни бар-кодови на сметките поради што било отежнато или невозможно нивно читање на апликацијата на мобилните телефони. Во овој случај, како што посочија од УЈП, веќе од страна на самите граѓани е извршен притисок врз големите маркети навремено да ги сервисираат нивните фискални апарати за да се избегнат вакви ситуации. Граѓаните кои имаат проблем со читање на бар-кодовите од фискалните сметки проблемот можат да го надминат ако ваквите сметки ги прочитаат на апаратите на киосците и бар-код читачите кои, велат, функционираат беспрекорно и многу подобро од читачите на телефоните, а постои и можност бар-кодовите на ваквите нечитливи сметки да се внесат рачно за што корисникот треба да се упати во некои од регионалните и подрачните канцеларии на УЈП.

Од УЈП посочуваат дека во изминативе неколку денови примиле и голем број пријави од граѓаните на линијата 198 за пријавување неправилности за тоа каде се не им се издаваат фискални сметки. За овие пријави од УЈП најавија дека ќе бидат испратени на терен нивни екипи за да се изврши проверка на работата на тие субјекти.

Во однос на безбедноста на апликацијата МојДДВ, од УЈП уверуваат дека безбедноста е на максимално ниво. Воедно се посочува дека доколку физичко лице се обиде да скенира сметка која е на име на фирма, на тоа физичко лице ќе му биде изречена глоба до 250 евра. Целта е, како што посочуваат, да се избегне двојното враќање на ДДВ.

Инаку, во првиот ден од пуштањето во употреба на апликацијата  МојДДВ таа била симната од 24.000 корисници. Во вториот ден апликацијата ја симнале 10.000 корисници, а очекувањата се  апликацијата да се користи од половина милион корисници.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе