Моментот кога се отвора запечатен египетски саркофаг
Египќаните се пофалија со новооткриените саркофази од антиката, а вака изгледа моментот кога прв пат се отвора еден таков.
Стари над 2.500 години, саркофазите се вкупно 59 на број и сите се дрвени и добро сочувани. Во некои дури и мумии се во одлична состојба.
„Има вкупно 59 дрвени саркофази, од кои некои се црни, а други во разни бои. Некои од нив беа заштитени со слој од смола. Во некои, мумиите се во одлична состојба“, рече генералниот секретар на Врховниот совет за антиквитети, Мостафа Вазири.