МОН и СОНК се на добар пат да постигнат решение

Скопје, 1 ноември 2019 (МИА) – Има приближување на ставовите меѓу МОН и СОНК, но не и конечен договор за зголемување на платите на просветните работници. Разговорите ќе продолжат наредната недела, изјавија по денешната средба во Владата министерот за образование и наука Арбер Адеми и претседателот на СОНК Јаким Неделков.

–  СОНК и МОН се на добар пат да постигнат решение. Има приближување и напредок во ставовите, преговорите ќе продолжат и во наредните денови, но важно е дека има приближување. Ние како влада сме максимално заинтересирани да ги подобриме ситуацијата и социјалниот статус на вработените во дејноста образование, рече Адеми по средбата на која присуствувал и премиерот Зоран Заев.

Адеми не откри детали дали е можно прифаќање на сите услови на Синдикатот на просветните работници, но рече дека се разгледуваат сите опции коишто се во согласност со можностите на Владата.

Напредокот во преговорите го потврди и првиот човек на СОНК, Јаким Неделков, додавајќи дека има уште многу работа и оти следната недела ќе има уште неколку средби меѓу Синдикатот и МОН.

Владата понуди зголемување на платите за 10 проценти од април 2020 година. СОНК останува на барањето зголемувањето да почне од 1 јануари, а за процентот, за којшто бараше да биде повисок од понудените 10 отсто, сè уште ќе се преговара.

СОНК претходно најави дека ако не бидат прифатени нивните барања ќе биде организиран генерален штрајк на 11 ноември.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе