МОН: Неисплатени се само стипендиите на студенти со задоцнети или непотполни документации

Министерството за образование и наука пред истекот на 2020 година изврши исплата на стипендии за три месеци за студентите запишани во учебната 2020/2021 година.

Во првите денови од 2021 година, до Редакцијата на Kajgana.com стигнаа прашања од неколку студенти на државните универзитети во врска со задоцнетата исплата на стипендиите. Поточно, реакции од студенти кои иако добиле потврден одговор од МОН на електронската апликација за стипендија, исплата уште не стигнала на нивните сметки, а нивни колеги веќе добиле исплати за стипендија за три месеци кон крајот на 2020 година.

Редакцијата на Kajgana.com побара појаснување од МОН дали исплатата е планирано да се врши во неколку етапи и ако да, кој е системот по кој се утврдува кои студенти во која етапа ќе добијат исплата? Во е-писмото исто така прашавме до кога е планирано да се заврши со исплата на стипендиите за минатата учебна година.

Од МОН ни одговорија дека во последниот квартал на 2020 година, извршиле целосна промена на начинот и динамиката на исплата на средствата за ученички и студентски стипендии и дека „повеќе нема доцнење на исплатата, односно на префрлање на средствата на сметките на корисниците како што се случуваше во минатото.“

„Новите добитници на стипендии за учебната, односно академската 2020/2021 година, како и оние корисници кои го продолжиле правото на стипендија стекнато во некоја од изминатите години, веќе ги добија средствата – три месечни износи кои им следуваа за 2020 година.

Единствено останаа неисплатени помала група студенти кои задоцнија со достава на договори до МОН за реализација на ова право, кои секако ќе бидат исплатени во следните денови (по процесуирање на предметите), како и оние студенти кои доставиле погрешна или непостоечка трансакциска сметка и кои исто така ќе бидат контактирани со цел обезбедување на точен податок заради префрлање на средствата“, велат од МОН за Kajgana.com.

Оттаму додаваат дека доколку некој студент има потреба од било каква информација, може слободно да ги контактира вработените во секторот за ученички и студентски стандард при МОН чии лични контакти се објавени ТУКА.

Инаку, воспоставена динамика на редовна исплата на стипендиите ќе продолжи да се реализира и понатаму. Сепак, се работи за средства кои значат поддршка и унапредување на ученичкиот и студентскиот стандард, го помагаат процесот на образование и претставуваат мотивација за младите во текот на учењето, стои во дописот од МОН.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе