Мората постигна договор со Јувентус, се чека Челзи

Како што пренесуваат медиумите на островот, Шпанецот е незадоволен и ова лето ќе го напушти тимот на Челзи, после само една година откако пристигна како големо засилување на „Стемфорд Бриџ“.

Напаѓачот на Челзи, Алваро Мората, според најновите информации кариерата би можел да ја продолжи во својот поранешен клуб - Јувентус.

Факт е дека Шпанецот не се снајде најдобро во Лондон, самиот призна дека вториот дел од сезоната го играше повреден, дека притисокот е преголем, а Јувентус е неговиот втор дом.

„Калчо Меркато“ пренесува дека Мората прифатил и значително пониска плата, само за да потпише со Јувентус.

Мората во Челзи заработува околу девет милиони евра, додека најплатениот играч на „Старата дама“, Гонзало Игуаин, заработува плата од седум и пол милиони евра.

Јасно е дека Јувентус не е во состојба да му даде толкава плата на Мората, но лесно би можел да се договори со играчот кој уживаше играјќи во дресот на италијанскиот гигант.

Мората, своевремено стигна во Јуве од Реал Мадрид за 20 милиони евра, а за две сезони, односно од 2014 до 2016 година, даде 27 гола на 93 натпревари.

Мората со доаѓањето на Жиру падна во втор план, повеќе не е прв избор иако треба да се почека и расплетот со Антонио Конте, односно неговиот евентуален заменик.

Јувентус го посакува Мората како алтернатива за Манџукиќ, кој е на чекор од заминување, па останува да ја почекаме разврската од оваа трансфер сага.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе