Муцунски ја демантира Левица: Лажна вест е дека сум корумпиран од Титан УСЈЕ

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, преку видео објавено на неговата Facebook страница ги демантираше обвинувањата кои изминатите неколку денови ги шири политичката партија Левица преку социјалните медиуми.

– Лажната вест е дека јас како градоначалник сум бил корумпиран од страна на компанијата Титан УСЈЕ заради примена донација за основното училиште „Блаже Конески“. Вистината е дека донацијата од компанијата Титан УСЈЕ е примена од страна на Советот на Општина Аеродром. Токму советниците од политичката партија Левица едногласно дале поддршка за прифаќање на оваа донација и токму советниците од политичката партија Левица, која сега ја критикуваат одлуката, гласале за истата“, истакна Муцунски во своето видео.

Тој потенцираше дека советниците од политичката партија Левица во изминатиот период примиле хонорар од повеќе од 30 илјади евра, а не понудиле ниту едно решение во интерес на граѓаните на Аеродром при што ја повика оваа политичка партија преку Град Скопје, каде тие се во политичка коалиција, да почне да нуди решенија за загадувањето во градот Скопје.

Муцунски во видеото додаде дека институциите од централната власт имаат одговорност за надзор на потенцијалните загадувачи при што го повика Министерството за животна средина, да изрече казни доколку се утврди дека некоја компанија ја загадува животната средина.

„Време е да престанеме да бидеме политичари само преку социјалните медиуми, каде тие критикуваат и не работат во интерес за граѓаните. Ние понатаму ќе продолжиме да работиме за граѓаните, да нудиме решенија и да реализираме капитални проекти. Ги повикувам и останатите политички субјекти да научат оваа лекција за добро политички работење од нас“, заклучи Муцунски.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Македонија

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Read more

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Read more

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Read more
 

Вести

  • play_arrow
  • filter

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Читај повеќе

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Читај повеќе

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Читај повеќе

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Читај повеќе

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Читај повеќе

Шпанија не дозволи закотвување на брод со околу 27 тони експлозив кој пловел за Израел

Читај повеќе

Белгискиот премиер го тужи новинарот кој повика на негово убиство

Читај повеќе

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Читај повеќе