Муцунски: Кај кафеаната во склоп на ОУ ,,Блаже Конески” ќе се изгради детска градинка

​Скопје, 30 ноември 2021 (МИА) – На иницијатива на градоначалникот Тимчо Муцунски, Советот на Општина Аеродром на денешната седница донесе две важни одлуки – за изградба на нова градинка на местото од кафаната во склоп на ОУ ,,Блаже Конески” и за бришење на две маркици за градење на станбени згради, на чие место сега е предвидено парковско зеленило, информираат денеска од Општината.

Со оваа одлука, додаваат оттаму, проблемот на граѓаните кој го имаа со места во градинките конечно ќе биде решен, а продолжува и заложбата за зачувување на зелените површини во урбаното јадро на општината.

-Денеска на моја иницијатива, Советот на Општина Аеродром донесе одлука за изградба на нова детска градинка на местото на кафаната во училишниот двор на ОУ ,,Блаже Конески”, проблем на кој мичуринци беа особено гневни. Повеќегодишниот проблем на граѓаните со места во градинките конечно се решава и граѓаните можат да бидат спокојни. Исто така на денешната седница советот донесе одлука за укинување на две градежни маркици на потегот помеѓу Перла Бјанка и Маркет ЗУР, каде од сега наместо колективни згради е предвидено парковско зеленило. Со овие одлуки Општина Аеродром јасно става на знаење дека потребите и мислењето на граѓаните се и наш приоритет и дека со нас како локална власт имаат партнер во решавање на сите проблеми со кои се соочуваат, вели градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски.

Од Општината посочуваат дека оваа одлука на советот е втора во низата одлуки со кои се поништуваат градежни маркици кои, како што велат, се против волјата на граѓаните. Како Општина, додаваат, „се обврзуваме пред граѓаните дека и во иднина ќе следат проекти кои се од општ и јавен интерес, со цел Аеродром да биде општина на која сите ќе бидат горди.“

реклама

Метеорит што проби покрив на куќа во Њу Џерси би можел да содржи индиции за потеклото на животот

Read more

Зошто повеќето денешни бензинци имаат 1,5 турбо мотор: Не е случајно

Read more

Урнал ѕид од подрум поради исчезнати кокошки, а зад него пронашол град стар илјадници години

Read more

По серија американски напади се урна кулата од која Иран го контролираше поморскиот сообраќај

Read more

Македонија

Агенцијата за храна забрани да се пие водата во Гостивар

Read more

Стотици граѓани во Гостивар побарале лекарска помош, се сомнева дека водата од Вруток е загадена

Read more

Одбиен амандманот на Левица за покривање на трошоците на македонските репрезентативци

Read more

Владата донесе одлука – кризната состојба за нафта продолжена до 20 октомври

Read more

Вести

Одбил да седне до жена поради шеријатскиот закон, па ја удрил стјуардесата оти одбила да го премести

Читај повеќе

Предложен притвор за Британец, фрлал камења кон инспектори во Куклица

Читај повеќе

Агенцијата за храна забрани да се пие водата во Гостивар

Читај повеќе

Стотици граѓани во Гостивар побарале лекарска помош, се сомнева дека водата од Вруток е загадена

Читај повеќе

Одбиен амандманот на Левица за покривање на трошоците на македонските репрезентативци

Читај повеќе

Владата донесе одлука – кризната состојба за нафта продолжена до 20 октомври

Читај повеќе

Србија се приклучува на вселенската програма на НАСА

Читај повеќе

УЈП со повик до граѓаните да се регистрираат на системот е-Даночни услуги

Читај повеќе

Реакција на Бујар Османи: Навистина мора да се очајни во ВЛЕН

Читај повеќе