Муцунски: Започнува имплементацијата на Смарт Аеродром

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, на прес-конференција ги објави деталите за проектот Смарт Аеродром, кој, како што најави, ќе биде визионерски потфат што ќе ја искористи моќта на технологијата за да создаде поповрзана, одржлива и помодерна општина. Тој најави дека веднаш откако Советот на Општина Аеродром ќе донесе одлука, преку јавен повик за избор на партнер ќе биде воспоставено јавно-приватно партнерство со кое ќе се реализира овој проект. На јавниот повик ќе може да аплицираат сите заинтересирани компании што ги исполнуваат дадените услови.

„Проектот Смарт Аеродром претставува сеопфатен напор за интегрирање на напредните технологии во нашата општина, во насока на подобрување на различните аспекти на секојдневното живеење. Смарт Аеродром е проект кој е важен технолошки исчекор напред, проект во чии рамки се пресретнуваат технологија и одржливоста, а се реализира за првпат во Македонија, токму во општината Аеродром“, рече тој.

Зборувајќи за придобивките од проектот, Муцунски на денешната прес-конференција потенцираше дека станува збор за проект кој сериозно ќе го смени ликот на средината, ќе влијае на зголемување на безбедноста и сигурноста, ќе придонесе за ефикасна потрошувачка и заштеда на средства, ќе овозможи олеснет пристап до информации, ќе имплементира одржливи транспортни решенија и ќе придонесе на подобрување на економскиот раст и иновативноста на локално ниво.

Физибилити студијата, предвидува компанијата што ќе биде избрана како партнер на Општина Аеродром да има обврска да имплементира смарт (штедливо) осветлување на територијата на целата општина што сериозно ќе влијае на заштедата на средства за електрична енергија и ќе биде одговор на зачестените забелешки за постоечкиот систем за осветлување кој е застарен и нефункционален. Дополнително, се предвидува компанијата да постави информативни и комерцијални дигитални дисплеи или т.н. тотеми кои општината ќе има право да ги користи за информирање на граѓаните; да нуди ефикасни услуги за изнајмување електрични велосипеди и електрични тротинети кои ќе може да ги користат граѓаните, да постави полначи за електрични автомобили на локации во Аеродром и да формира т.н. хотспот точки со бесплатен безжичен интернет.

Kомпанијата која ќе биде стратешки партнер на Општина Аеродром во реализацијата на овој проект ќе има обврска целосно да го финансира и одржува целиот проект, а Општина Аеродром, освен што нема да има никакви директни трошоци за негова реализација, туку и преку намалување на потрошувачката на електрична енергија сериозно ќе ги намали трошоците и ќе оствари заштеда на средства од буџетот.

„Убеден сум дека по успешното завршување на повикот и воспоставување на јавно-приватно партнерство ќе може официјално да му посакаме добредојде на проектот кој ќе даде една нова енергија на иднината и живеењето во нашата општина. Со имплементацијата на проектот, Општина Аеродром ќе стане првата високотехнолошка и паметна општина, како и вистински пример на локална самоуправа која поддржува иновации и промовира одржливост“, заклучи Муцунски.

реклама

Местата што Македонците ги сакаат, тие ги одбегнуваат: Каде во Грција летуваат Грците?

Read more

Замрзнатото месо има рок на траење: Колку долго може да го чувате во замрзнувач?

Read more

X-59 ја проби звучната бариера: Отвора пат за тивки, брзи патнички авиони

Read more

Србија има нови правила за електричните тротинети: Што можеме да научиме од соседите?

Read more

Македонија

Петрушевски до Петровска: Единствено што направивте за земјоделието е бизнисот со марихуана кој го добиваа луѓе од вашата партија

Read more

Апасиев до Трипуновски: Вие сте министер на шумската и кванташката мафија

Read more

Ново балканско рангирање: УКИМ лидер во земјава, Кедев на врвот меѓу македонските истражувачи

Read more

ФЗОМ ги намали цените за ХПВ и ликвид ПАП тестовите: Попристапен скрининг за рак на грлото на матката

Read more

Вести

Нов удар врз џебовите на потрошувачите во ЕУ: цените на храната во Холандија скокнаа до 10 проценти

Читај повеќе

Бројот на заразени со ебола во ДР Конго се искачи на 635, починати се 127

Читај повеќе

Петрушевски до Петровска: Единствено што направивте за земјоделието е бизнисот со марихуана кој го добиваа луѓе од вашата партија

Читај повеќе

Трамп: Денес ќе го нападнеме Иран многу силно

Читај повеќе

Црна биланс на небото над Блискиот Исток: Колку авиони изгубија САД од почетокот на конфликтот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев до Трипуновски: Вие сте министер на шумската и кванташката мафија

Читај повеќе

Нетанјаху остро му одговори на Ердоган: Антисемитски диктатор кој врши геноцид врз Курдите не може да држи лекции

Читај повеќе

Нова книга на Милчо Манчевски во Италија

Читај повеќе

33-годишник од Карбинци силувал малолетничка и ѝ пренел заразна болест

Читај повеќе