Мугабе за оставката добива 10 милиони долари

Сега веќе поранешниот претседател на Зимбабве Роберт Мугабе пред оставката постигнал договор според кој тој и неговата сопруга Грејс ќе добијат најмалку 10 милиони долари.

Договорено e и членовите на неговото семејство да добијат гарантиран имунитет од кривично гонење.

За сега не е позната точната сума која ќе ја добијат Мугабе и сопругата, но висок функционер од владејачката партија ЗАНУ – ПФ, кој е запознат со компромисот, изјави дека вкупната сума нема да биде помала од 10 милиони евра.

Тој вели дека на Мугабе веднаш ќе му бидат исплатени пет милиони долари во готовина, а останатите пет наредните неколку месеци.

93 – Годишниот Мугабе доживотно ќе добива и плата во износ од 150.000 долари, додека 52- годишната Грејс Мугабе после неговата смрт ќе продолжи да прима половина од таа плата.

На Мугабе му е гарантиран имунитет од гонење, како и тоа дека никаква акција нема да биде преземена против бизнис интересите на неговото семејство.

Роберт и Грејс ќе останат да живеат во својата огромна резиденција како и досега, а државата ќе им плаќа државна заштита, послуга, обезбедување и патување во странство.

После 37 – годишното владеење на Мугабе Зимбабве е во големи долгови, валутата е безвредна, народот е значително осиромашен, а стапката на невработеност е поголема од 80 отсто. Патиштата се многу лоши, многу рурални заедници немаат струја, а здравствена заштита речиси и да нема. Очекуваниот животен век во земјата е 60 години, еден од најниските во светот.

Мугабе беше сменет од власта после низа на настани кои започнаа на 6 ноември, кога тој го смени потпретседателот Емерсон Мнангагва, еден од своите најблиски соработници.

Потоа војската ја презема контролата над земјата и го стави Мугабе во домашен притвор, кој си поднесе оставка на 21 ноември после силниот притисок на војската, а Мнангагва во петокот стана претседател на Зимбабве.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Свет

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе