ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2021

Мурињо има нов Батистута за Рома

Првото големо засилување за Рома на Жозе Мурињо треба да биде Андреа Белоти, репрезентативецот на Италија и докажан голгетер од Серија А.

Белоти е еден од оние играчи за кои сите сметаат дека се одлични, но се заглавени во просечен тим. Веќе шест сезони настапува за Торино, а исто толку години е и репрезентативец на Италија и тоа првотимец. Но, Белоти во својата кариера нема ниту еден единствен трофеј, ако не го рачуваме освојувањето на Серија Би со Палермо во сезоната 2013/14.

Жозе Мурињо токму во него гледа одлично засилување. Робусен голгетер каков што Рома немала од времето на Габриел Батистута, голгетер кој со леснотија игра во шестнаесетниот и кој е вистински егзекутор.

Првичната понуда од само 15 милиони евра плус бонуси Торино експресно ја одби, а претседателот Урбано Каиро ја нарече „провокација“. Популарните „Градата“ бараат 30 милиони евра, но со оглед на тоа што договорот на Белоти истекува наредното лето, не се во можност многу да пребираат. Неговата цена е 35 милиони евра, но одбивањето да потпише нов договор го става Торино во позиција да мора да прифати далеку помалку.

Италијанските медиуми шпекулираат дека Торино и Рома ќе се договорат за понуда од 20 до 25 милиони евра плус бонуси кои би се активирале при одредени достигнувањеа на Белоти во Рим.

Тој на „Олимпико“ ќе биде замена за Един Џеко кој летово треба дефинитивно да ја напушти Рома. Клубот не сака да го задржи поради неговата преголема плата, како и формата поради која сезонава потфрли.

Белоти е во составот на селекторот Роберто Манчини за претстојното ЕУРО и се очекува на отворањето в петок да стартува од првата минута против Турција, заедно со Чиро Имобиле. Досега за репрезентацијата има 33 настапи и 12 голови, а дебитантскиот погодок го постигна во Скопје против Македонија кога го отвори резултатот во 2:3 победата на Италија во октомври 2016 година.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе