Мурињо ќе добие отказ

Кајгана/Макфакс
/ 15.01.2024 / 12:37

Сопствениците на Рома се незадоволни од играта и резултатите на тимот под водство на Жозе Мурињо и се подготвени да ја прекинат соработката со португалскиот стручњак, пренесува Sportmediaset.

Според овој извор, доколку Мурињо добие отказ, на клупата ќе седне клупската легенда Даниеле Де Роси.

Рома по поразот во купот од градскиот ривал Лацио (1:0) беше поразена и од Милан (3:1) во последното коло од Серија А. Рома во 20 натпревари во Серија А веќе има 7 порази и се наоќа на деветтото место на табелата со 29 бодови.

Интересно, против конкурентите кои се борат за пласман во европските купови, Рома од можните 24, освои само 6 бода.

Де Роси играше за Рома од 2001 до 2019 година. Вкупно, тој настапи на 616 натпревари, постигна 63 гола и забележа 60 асистенции. Беше дел од репрезентацијата на Италија која ја освои светската титула во 2006 година.

Неговата тренерска кариера е кратка. Ја започна во второлигашот СПАЛ во октомври 2022 година, а оттаму беше отпуштен во февруари 2023 година, откако на 17 натпревари забележа 3 победи, 6 нерешени и 8 порази.

реклама

Фудбал

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе