Министерството за здравство соопшти дека во лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје се направени анализи за детекција на сојот омикрон на вирусот SARS-CoV-2.
Омикрон, како што се посочува, е детектиран кај осум пациенти од Скопје и кај еден пациент од Кочани.
Во лабораторијата се изработени 24 примероци позитивни на SARS-CoV-2, примероците се од пациенти од Скопје, Кочани, Велес, Гевгелија и Богданци. Од вкупниот број тестирани, кај девет пациенти детектирана е омикрон варијантата на вирусот, што изнесува 37,5 отсто од позитивните примероци.
Сите позитивни пациенти се од Скопје, а еден е од Кочани, информираат од Министерството.