МЗ: Со скринингот ќе бидат опфатени 364 основни и 109 средни училишта

Министерството за здравство соопшти дека ќе спроведе скрининг со брзи антигенски тестови, во кој ќе бидат опфатени 8.178 ученици во 80 општини и градот Скопје, во рамки на активностите за превентивни тестирања со цел рано детектирање и превенција од COVID-19 во основните и средни училишта.

По претходно добиена писмена согласност од страна на родителите или старателите на учениците, како што се посочува, тестирањата кои ќе започнат од следната недела ќе опфатат вкупно 364 основни и 109 средни училишта ширум државата. Собирањето согласности за тестирање на учениците во училиштата почна oд денеска.

Од Министерството за здравство информираат дека скринингот во училиштата ќе се реализира по извршен случаен избор на ученици, а тестирањето ќе го прават здравствени работници, кои ќе ги тестираат учениците во самите училишта, во просторија одредена од страна на училиштето.

Тестирањето, трае помалку од една минута, истото е безболно и безбедно, и е како секое земање брис од грло или носна шуплина. Скринингот во училиштата ќе овозможи да се добијат релевантни податоци за можното асимптоматско ширење на вирусот SARS-CoV-2, односно дали истиот се шири низ училиштата и каква е трансмисијата.

Најмногу тестирања ќе бидат спроведени во општините Тетово – 546, Куманово – 489, Битола – 378, Прилеп – 309 и Гостивар – 296. Во рамки на училиштата на општините и градот Скопје, скринингот ќе опфати 766 ученици, истакнуваат од Министерството и апелираат родителите и старателите да дозволат учениците да учествуваат во превентивното тестирање, со цел да се добијат релевантни податоци за трансмисијата на низ училиштата, како и да се утврдат асимптоматски случаи кај учениците и средношколците.

Со давањето поддршка на скринингот, значајно ќе се придонесе да се добијат релевантни податоци базирани на докази, кои ќе овозможат натамошно носење на соодветни одлуки од интерес на децата и учениците.

Тоа ќе овозможи побезбедно одвивање на наставата, како и поголема заштита на здравјето на учениците, стои во соопштението.

Тагови
реклама

Македонија

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Read more

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Read more

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Read more
 

Вести

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе