На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 812 пациенти, има слободни кревети

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 812 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 68 пациенти позитивни и суспектни на COVID-19, во болницата во Штип се хоспитализирани 55 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 47 пациенти, во Велес се лекуваат 64 болни, а во Куманово 118 пациенти позитивни и суспектни. Во ковид – центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 112, во Гостивар 55, а во Струга 21 болни.

Во болницата во Струмица лежат 79 пациенти, во Кочани 20, во Кичево 15, Кавадарци 40, а во Гевгелија седум позитивни на коронавирусот.

Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.297 и има колку 150 празни болнички кревети во ковид – центрите. Во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението. 

реклама

Македонија

Ќосето ќе остане во магацин, Герасимовски ја одби Арсовска за споменикот да се врати пред суд

Read more

Арсовска ќе го враќа споменикот на Ќосето пред судовите во Скопје

Read more

Жичницата на Водно од денеска работи еден час повеќе

Read more

Мицкоски: Тврдењата дека со влез на Бугарите во Устав се прави дистинкција со Македонците се незнаење или манипулација

Read more
 

Вести

Нов гаф на Бајден: Градот Ролинг Форк го нарече Ролинг Стоун

Читај повеќе

Ќосето ќе остане во магацин, Герасимовски ја одби Арсовска за споменикот да се врати пред суд

Читај повеќе
  • play_arrow

Торнада дивееја низ САД, има загинати

Читај повеќе

Работниот час најевтин во Бугарија, а најскап во Луксембург

Читај повеќе

Петмина повредени, од кои две деца, во сообраќајка во Горно Лисиче

Читај повеќе

Бакнеж прикажан на телевизија во Иран – изби скандал, телевизијата се извини

Читај повеќе

Арсовска ќе го враќа споменикот на Ќосето пред судовите во Скопје

Читај повеќе

Сторми Даниелс: Не се плашам да се соочам со Трамп на суд, сум го видела гол

Читај повеќе

Жичницата на Водно од денеска работи еден час повеќе

Читај повеќе