На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 833 пациенти, слободни кревети има

Изминатите 24 часа во КОВИД-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 833 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, соопшти Министерството за здравство (МЗ).

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 63 пациенти позитивни и суспектни на COVID-19, во болницата во Штип се хоспитализирани 57 пациенти, на Инфективното одделение во Тетово има 46 пациенти, во Велес се лекува 61 пациент, а во Куманово 120 пациенти позитивни и суспектни на COVID-19. Во КОВИД-центарот во Охрид се хоспитализирани 110 пациенти, во Прилеп 114, во Гостивар 57, а во Струга 29 болни.

Во болницата во Струмица лежат 79 пациенти, во Кочани 17, во Кичево 20, Кавадарци 44, а во Гевгелија 16 лица позитивни на коронавирусот.

-Бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти, наведува Министерството.

Според МЗ, вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.296 и има колку 160 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

-И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена постојано сме во контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на КОВИД-одделенијата ќе бидат дополнително проширени, информира Министерството за здравство. 

реклама

Македонија

Ќосето ќе остане во магацин, Герасимовски ја одби Арсовска за споменикот да се врати пред суд

Read more

Арсовска ќе го враќа споменикот на Ќосето пред судовите во Скопје

Read more

Жичницата на Водно од денеска работи еден час повеќе

Read more

Мицкоски: Тврдењата дека со влез на Бугарите во Устав се прави дистинкција со Македонците се незнаење или манипулација

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апокалиптични сцени од Бахмут: уништени згради и улици преполни со проектили

Читај повеќе

Нов гаф на Бајден: Градот Ролинг Форк го нарече Ролинг Стоун

Читај повеќе

Ќосето ќе остане во магацин, Герасимовски ја одби Арсовска за споменикот да се врати пред суд

Читај повеќе
  • play_arrow

Торнада дивееја низ САД, има загинати

Читај повеќе

Работниот час најевтин во Бугарија, а најскап во Луксембург

Читај повеќе

Петмина повредени, од кои две деца, во сообраќајка во Горно Лисиче

Читај повеќе

Бакнеж прикажан на телевизија во Иран – изби скандал, телевизијата се извини

Читај повеќе

Арсовска ќе го враќа споменикот на Ќосето пред судовите во Скопје

Читај повеќе

Сторми Даниелс: Не се плашам да се соочам со Трамп на суд, сум го видела гол

Читај повеќе