ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2022

На повидок изненадувачки пресврт: Дали Роналдо ќе стане новиот Марадона?

Италијанските медиуми пренесуваат дека агентот на Кристијано Роналдо го понудил својот клиент на Наполи, а тоа претседателот на овој клуб го примил со воодушевување.

„Роналдо може да биде нашиот Марадона“, вака Аурелио Де Лаурентис ги комрентирал гласините за доаѓањето на португалскиот ас во редовите на Наполи, пренесува шпански AS. Оваа изјава денеска одекна во сите италијански медиуми, а е мало изненадивање што доаѓа од Шпанија.

Веќе е јасно дека Роналдо нема никаква намера да остане во Манчестер Јунајтед бидејќи клубот не е дел од европската елита. Откако бројни клубови одбија да го потпишат, како Баерн, Интер, ПСЖ, Челси, Атлетико... на Португалецот му остануваат сѐ помалку и помалку опции. Понудата да дојде во Рома кај Жозе Мурињо му е на маса, но Рома не игра во Лигата на шампионите, поради што овој трансфер нема теорија да се случи.

Но, сега во игра изненадувачки влета Наполи. Тоа се случило откако неговиот агент Жорже Мендеш го вклучил и Наполи во клубовите на кои им го понудил Роналдо. Останува мистерија кои се останатите клубови на кои им е понуден овој фудбалски виртуоз.

Манчестер Јунајтед е согласен да го пушти Роналдо на позајмица во друг клуб, но проблем е платата на Роналдо која Манчестер нема намера да ја плаќа ниту процент. Таа гласи 8 милиони евра по сезона, што Наполи не може да си ги дозволи за еден играч, па макар тоа бил и Роналдо, кој патем веќе има 37 години.

Со оглед на тоа што Португалецот има сѐ помалку опции, најверојатно ќе се согласи на помала плата само за да не ја прекине речиси дведецениската низа на играње во Лигата на шампионите. Претстојнава сезона 2022/2023 треба да биде негова 20-та во Лигата на шампионите, каде без прекин игра од сезоната 2003/2004, која му беше прва по доаѓањето во Манчестер Јунајтед на сер Алекс Фергусон.

AS пишува дека Де Лаурентис и агентот Мендеш имаат одлични односи, и дека Роналдо ќе се согласи на 30% помала плата само за да го облече дресот на клубот од под Везув.

Пристигнувањето на Роналдо во Наполи дефинитивно ќе биде како она на Диего Марадона кога во далечната 1984 година дојде од редовите на Барселона. Марадона тогаш имаше 23 години, Роналдо сега има 37, но и натаму е голема ѕвезда, па споредбата со Марадона е исправна.

Доколку овој трансфер се оствари, Роналдо би станал соиграч со нашиот Елиф Елмас, кој ги брани боите токму на Наполи.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе