Начинот на кој јадете јајца за појадок може негативно да влијае на здравјето

Јајцата се една од најчестите намирници за појадок. Тие се добар извор на протеини, здрави масти и витамини, но начинот на кој ги јадете може да биде штетен за вашето здравје.

Спротивно на некои верувања, јајцата се многу здрави, а едно кокошкино јајце со просечна големина содржи околу 72 калории, 7 грама протеини, околу 5 грама масти и е одличен извор на фолати и витамин Д.

Докторката Келјан Петручи особено го нагласува соединението холин кое се наоѓа во јајцата, кое помага да се изградат силни клеточни мембрани, а исто така е добар за развојот на нашиот мозок бидејќи може да спречи депресија, губење на меморијата и анксиозност. Јајцата содржат и рибофлавин, железо, цинк, фосфор и витамини А, Б6 и Б12.

Исто така, го посочи митот дека прекумерното консумирање јајца може да го зголеми нивото на холестерол.

Сепак, Петручи предупредува дека има две работи на кои мораме да внимаваме додека готвиме јајцата наутро бидејќи тоа може негативно да се одрази на нашето здравје.

Првото е поочигледно, и тоа е она со што ги комбинираме. Докторката предупредува да се биде внимателен за појадок при комбинирањето на јајца со месо со висок натриум и заситени масти, како што е колбасот, бидејќи преработеното месо носи цела низа здравствени ризици кои лесно се акумулираат ако се дел од вашата редовна рутина.

Таа, исто така предупредува дека е важно да бидете сигурни дека ги готвите вашите јајца со висококвалитетни масти. Советуваше кога пржите јајца да користите висококвалитетни масти како органски путер, а не сончогледово масло.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Здравје

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more
 

Магазин

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Читај повеќе

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе