„Happy VISA викенд!“

Наградна игра на Шпаркасе Банка Македонија во соработка со VISA

Од денес започнува наградната игра „Happy Visa викенд“ за сите клиенти на Шпаркасе Банка Македонија, корисници на дебитни и кредитни картички Visa, кои со секоја трансакција на износ поголем или еднаков на 500,00 денари, имаат можност да освојат една од многубројните награди:
- Главна награда автомобил KIA SPORTAGE
- 70 ваучери за патување во РС Македонија

Во наградната игра, која ќе трае од 6.8.2021 година до 24.9.2021 година, право на учество имаат сите полнолетни лица – државјани на Република Северна Македонија (лица со и над 18-годишна возраст), кои се корисници на платежни картички за физички лица од брендот Visa, издадени од Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, како и Visa картичките на поранешната Охридска банка АД Скопје, која се присоедини кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје.

Во наградната игра се вклучени сите трансакции направени од корисникот на картичката и/или од корисниците на дополнителните картички на продажните места и е-commerce трансакции (плаќање преку интернет) во земјата и надвор од неа. Во наградната игра не влегуваат исплати на готовина од банкомат или од ПОС-шалтер, членарини, провизии, како и сторнирани трансакции.

Физичките лица корисници на дебитните платежни картички Visa на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, за секоја поединечна трансакција во износ поголем или еднаков на 500,00 денари добиваат една шанса за учество во наградната игра. Лицата корисници на кредитните платежни картички Visa на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, за секоја поединечна трансакција во износ поголем или еднаков на 500,00 денари добиваат двојна шанса за учество во наградната игра. Доколку еден учесник поседува повеќе од една картичка од Банката, во тој случај учествува со секоја поединечна картичка во наградната игра доколку ги исполнува условите.

Извлекувањето на добитниците на наградите ќе се врши секојпеток почнувајќи од 20.8.2021 година, а ќе заврши на 1.10.2021, со почеток во 12 часот, во просториите на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, на ул. Македонија број 34, Скопје. Добитниците на наградите ќе бидат извлечени автоматски, по принципот на случаен избор, со специјален софтвер развиен за потребите на наградната игра. За време на извлекувањето ќе бидат присутни двајца претставници од Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје и нотар.

Секој петок од 20.8.2021 до 1.10.2021, се извлекуваат по 10 добитници на ваучери, додека на главното извлекување покрај 10 викенд патувања, ќе биде извлечен и еден добитник на главната награда, автомобил KIA SPORTAGE.

Повеќе информации за наградите како и Правилата на наградната игра „Happy VISA викенд“ може да се најдат на веб-страницата на Банката www.sparkasse.mk или преку повик во Контакт центарот на телефонскиот број  02/ 15 050, секој работен ден од 8 до 18 часот.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Промо

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Read more

Македонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија

Read more

Златен Даб – еволуција на изглед и вкус

Read more

Пролетно уредување на домот: Топ трендови и совети за оваа сезона

Read more
 

Ново

  • play_arrow

Фејл-компилација очекувања наспроти реалност

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе