Најчестите грешки што луѓето ги прават додека се обидуваат да ослабат

Ф.З.
/ 06.10.2021 / 11:15

Сте одлучиле да водите здрав начин на живот и да изгубите неколку килограми, но сепак не можете да ги постигнете посакуваните резултати? Можеби следите погрешен или застарен совет. Ова се едни од најчестите грешки што луѓето ги прават додека се обидуваат да ослабат.

Важно е да се запамни дека бројот на вагата е само една мерка за одредување на промената на тежината. Всушност, тежината е под влијание на неколку работи, како што се флуктуација на течности и количина на храна што се задржува во вашето тело. И бројот на вагата да не се променил, сепак може да изгубите тежина, но притоа сте задржале течност.

Кога тоа ќе се случи, вашата облека станува голема, особено во пределот на половината, дури и ако бројот останал ист. Мерењето на половината со лента и месечно фотографирање можат да ви помогнат да видите дали сте изгубиле тежина и покрај фактот што вагата не покажува такво нешто.

Можеби консумирате здрава, но висококалорична храна како риба и ореви. Внесот на умерена количина храна е клучен. Од друга страна, преголемото намалување на внес на калории може да биде контрапродуктивен. Истражувањата за нискокалорични диети сугерираат дека тие можат да доведат до губење на мускулите и значително да го забават метаболизмот.

„Диеталната“ храна често се смета за здрав избор за губење на тежината, но ефектот може да биде спротивен. Многу од овие производи се полни со шеќер бидејќи целта е да се подобри вкусот. Ниските маснотии можат да ве направат гладни и на крајот ќе јадете повеќе отколку што му е потребно на вашето тело.

Изберете комбинација од хранлива, минимално обработена храна. Секогаш кога е можно, јадете овошје и зеленчук, кои вклучуваат конзервирани и замрзнати видови. Тие природно имаат помалку маснотии, но се полни со хранливи материи.

Една од најчестите грешки е тоа што не консумирате доволно протеини. Збогатете ја вашата исхрана, која не мора секогаш да се ограничува само на месо или млечни производи. Грав, мешунки, киноа и ленено семе се исто така одлични опции.

Кетогената диета и исхраната со малку јаглени хидрати може да бидат многу ефикасни. Тие овозможуваат неограничен внес на маснотии, под претпоставка дека потиснувањето на апетитот ќе биде доволен за слабеење. Сепак, некои луѓе не чувствуваат кога треба да престанат да јадат.

Долги години се советува да се јаде на секои неколку часа за да се спречи глад и пад на метаболизмот. Сепак, ова може да доведе до внесување на повеќе калории отколку што му е потребно на вашето тело во текот на денот. Јадењето само кога сте гладни е клучно за ефикасно губење тежина.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Фит

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Read more

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Read more

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе