Најчестите митови за контрацепција кои се опасни по вашето здравје

Методите и средствата за контрацепција ве штитат од непланирана бременост, а некои и од сексуално преносливи болести. Овие теми за жал сѐ уште се табу, што придонесува за ширење на разни митови кои може да имаат штетни последици по здравјето.

Ова се најчестите митови поврзани со контрацепција во кои мора веднаш да престанете да верувате и да се информирате со цел да престане нивното ширење:

МИТ: Не може да забремениш ако користиш антибеби пилули

 

Оралната контрацепција не е секогаш 100% сигурна, дури и кога строго се држите до планот за земање на апчињата. Ако случајно пропуштите да земете пилула, задолжително користете дополнителна заштита. Исто така, одредени антибиотици може да го „поништат“ дејството на антибеби пилулата, па секако раговарајте со својот лекар и гинеколог во случај да треба да земате антибеби пилула и антибиотик истовремено.

МИТ: Доењето штити од забременување

Вистина е дека пролактинот, хормонот што помага да се произведува мајчино млеко, ја спречува овулацијата. Затоа жените немаат менструален циклус додека дојат. Сепак, гинеколозите не препорачуваат ова да се користи како сигурен метод за контрацепција бидејќи секогаш постојат исклучоци.

МИТ:  Може да пушите цигари ако користите антибеби пилула

Хормоните во пилулите за контрацепција, естроген и прогестин, во комбинација со пушењето може да предизвикаат сериозни проблеми со срцето. Аритмиите може да бидат многу силни и потресни и се препорачува задолжително да се исклучи комбинацијата на овие два фактори.

 МИТ: Не ви треба кондом ако партнерот/партнерката е здрав/а

Се проценува дека секоја година има нови 357 милиони нови инфицирани со сексуално преносливи болести. Никогаш не верувајте на збор дека потенцијалните сексуални партнери се здрави бидејќи и самите не би можеле со сигурност да знаат. Двата вируси на HPV и HSV се многу тешки за откривање на рутински прегледи, а може да предивикаат сериозни последици по женското здравје.

реклама

Дали петок 13 ноември 2026 ќе биде „Судниот ден“?

Read more

Пилешките стекови ќе бидат посочни ако додадете една состојка пред готвењето

Read more

Сепаратистичка партија победи на изборите во Квебек и најави референдум за отцепување

Read more

Што се случува со крвниот притисок кога пиете повеќе вода?

Read more

Здравје

Дали „крцкањето“ на прстите предизвикува артритис?

Read more

Што ќе ви се случи во телото кога ќе престанете да пиете алкохол еден месец?

Read more

Како да разликувате бронхитис од пневмонија?

Read more

Што се случува со крвниот притисок кога пиете повеќе вода?

Read more

Магазин

3 трикови како да изберете квалитетно маслиново масло

Читај повеќе

Дали „крцкањето“ на прстите предизвикува артритис?

Читај повеќе

Неделен финансиски хороскоп до 11 октомври

Читај повеќе

Кога вашиот фрижидер троши многу повеќе струја отколку што треба?

Читај повеќе

Што ќе ви се случи во телото кога ќе престанете да пиете алкохол еден месец?

Читај повеќе

Бели или кафеави јајца: Дали бојата на лушпата открива кои се подобри?

Читај повеќе

Момчињата треба да ги учиме што е согласност многу порано отколку што мислите

Читај повеќе

Како да разликувате бронхитис од пневмонија?

Читај повеќе

Рецепт за најдобра коленица во сос од сенф

Читај повеќе