Најдени двајца починати во два одделни случаи

Едно момче на 27 години другарите го донеле починат во болница, а станодавци ја нашле потстанарката почината, во два одделни случаи во државата.

Според полицискиот билтен во 15.15 часот во полициска станица Тетово, Д.К. (48) од Тетово пријавила дека, заедно со нејзиниот сопруг Д.К., во нејзиниот стан на ул. „180“ во Тетово ја пронашле почината нивната потстанарка Б.Т. (64) од село Брвеница, со привремено живеалиште на наведената адреса. Имено, околу 15 часот Д.К. заедно со нејзиниот сопруг дошле со намера да се видат со Б.Т., но откако не ја отворила вратата, истите со употреба на сила ја отвориле и ја пронашле почината. Смрт е констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово. Лекар од судска медицина извршил преглед врз телото и не констатирал траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото е однесено во Клиничка болница Тетово за обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Истиот ден, во 19.50 часот во полициска станица во Прилеп, лекар од Итна медицинска помош Прилеп пријавил дека кај нив со возило, од страна на неговите другари, бил донесен Д.К. (27) од село Ерековци, прилепско, кој не давал знаци на живот. Истиот веднаш бил пренесен во Градската општа болница Прилеп, каде е констатирана смрт без траги на насилство. Од извршениот разговор со М.Т. (24) од село Ерековци, другар на починатиот, било утврдено дека околу 19 часот заедно излегле од куќата на М.Т. да прошетаат, по што на Д.К. му се слошило и паднал на улица. Поради утврдување на причините за смртта, Јавен обвинител издал наредба да се изврши обдукција.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Хроника

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Read more

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Read more

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Read more

Над 150 пијани возачи затекна полицијата на 1 Мај

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе