Најдобрите диети за дијабетичари

Еден од најдобрите начини за да го контролирате нивото на шеќери во крвта, да останете фит и да се чувствувате подобро е правилно да се храните.

Во продолжение прочитајте за некои од најдобрите диети за диететичари:

Медитеранска диета

Оваа диета подразбира многу овошје и зеленчук, како и риба, пилешко, маслиново масло и цели житарици. Она што нема често да јадете ако сте на оваа диета е месо и сол. Некои научни истражувања потврдија дека оваа диета помага во одржувањето нивото на шеќерот во крвта. Исто така, можете да се напиете и чашка вино за ручек, но не се препорачува повеќе од еден пијалак дневно за жени или два за мажи.

Dash диета

Прехранбени експерти го препорачуваат овој план на исхрана, бидејќи служи за намалување на крвниот притисок. Оваа диета подразбира многу овошје, млечни производи, цели житарици, ореви и грав. Истражувањата покажаа дека со оваа исхрана може да се подобри чувствителноста на инсулин, но мора да биде вклучена и целокупна програма за губење на телесна тежина со вежбање.

Зона диета

Оваа диета ја разви биохемичарот Бери Сирс. Нејзина цел е да се стабилизира количината на шеќери во крвта. Исхраната се состои од 40 отсто јаглехидрати, 30 отсто протеини и 30 отсто масти. Истражување од 2015 година покажа дека оваа диета има позитивен ефект на дијабетичарите, па овој вид на исхрана ќе биде добар за вас.

Палео диета

Палео диетата се базира на проучување на исхраната на нашите прапредци од периодот на палеолитот. Тоа значи дека ќе морате да заборавите на млечните производи, рафинираните шеќери, житариците и маслиновото масло. Месото и јајцата се најважни компоненти на Палео диетата, а можете да јадете и овошје, зеленчук, риба ореви и семки.

Безглутенска диета

Со помош на оваа диета ќе загубите вишок на килограми, ќе го подобрите варењето и ќе го зголемите нивото на енергија. Смеете да јадете, грав, семки, ореви, бадеми, свежи јајца, соја, компир и така натаму. Она што морате да го избегнувате се брашното, слатките, лебот, помфритот и тестенините.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Здравје

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе