Најголемата слабост на Тито – сите жени на југословенскиот лидер: Луција Бауер

Тито беше фасцинантна личност од многу аспекти и медиумите и издавачките куќи на просторите на поранешна Југославија со години по неговата смрт се занимаваа со животот на лидерот „зад завесата“.

Во книгите објавувани за него се спомнувани имиња на десетици љубовници. За некои од нив има докази и сведочења што ги поткрепуваат тврдењата. Покрај петте сопруги, потврдено е дека бил интимен со уште 12 дами, според порталот Urbanestrane.rs.

Како официјални животни сопатнички се спомнуваат Пелагија Белоусова, Луција Бауер, Херта Хас, Даворјанка Пауновиќ и Јованка Броз.

Кога бил млад и честопати без пари, ги освојувал жените со својот шарм, убавите манири и смислата за хумор. Со тек на време, авторитетот и власта станале неговиот најсилен афродизијак. Кога бил назначен за прв човек на КПЈ, воопшто немал проблем со жените – другарките „паѓале“ пред него.

Најслушани се гласините дека за време на бракот со Јованка, и во поодминати години, се гледал со актерки, масерки и оперски пејачки, а во серијал од неколку текстови ќе ви ги претставиме неговите пет сопруги.

Јосип Броз не пател долго по првата жена Пелагија.

Со Луција Бауер (позната и како Ана Кениг) се венчал во октомври, 1936 година во Москва.

Набрзо по венчавката со Бауер, по директива на Коминтерната Тито се вратил во Југославија, а младата сопруга се грижела за неговиот син Жарко од првата жена Пелагија, во партискиот хотел „Лукс“.

Луција, по потекло Германка, требало да ги добие потребните документи и со синот на Тито да дојде во Југославија, но тоа не ѝ успеало.

Во архивите е најдено писмо во кое Тито пишува за Луција Бауер и како таа се грижела за неговиот син Жарко.

„Ми беше многу тешко сам со детето (Жарко) бидејќи работев во Коминтерната, а тој беше сам дома и често правеше нереди во хотелот. Од управата на ‘Лукс’ постојано се жалеа од него. Кога се запознав со втората жена, Луси, ѝ предложив да дојде кај мене бидејќи се надевав дека ќе ми помогне да го чувам момчето. Кога се пресели кај мене, а јас подоцна видов дека многу добро се однесува со него, се согласив на нејзиниот предлог и се регистриравме во ‘Лукс’. Тоа се случи есента во 1936 година, пред да заминам од земјата на задача. Тоа го направив бидејќи таа се согласи да му биде втора мајка на момчето и да се грижи за него“, стои во писмото на Тито.

Понатаму вели дека мислел дека е „проверена“ бидејќи била „ќерка на беден работник“ и „жена на истакнат политички работник на германскиот Комсомол, кој беше казнет со 15 години затвор“, но ѝ верувал и поради тоа германските комунисти ја упатиле на школување во Москва.

Сепак, во еден момент сфатил дека со неа може да има проблеми и „неколку пати ја потсетувал дека не треба да има никакви врски со германските емигранти“, но кога дознал дека е уапсена, прво на кое помислил била неговата кариера.

„Сметам дека овде бев недоволно буден и во мојата партиска кариера тоа е голема дамка. Сметам дека тоа може да го искористат разни саботери на нашата партија во борбата против мене“, напишал Тито во писмото.

Трката за партиската функција овојпат била посилна од љубовта кон Луси.

„Тоа е нешто што може да ми пречи во работата“, признал Тито.

„Поради политичката кариера Јосип Броз ги жртвувал своите жени Пелагија Белоусова и Луција Бауер, бидејќи бил свесен дека саботерите на партијата може да го искористат тоа против него“, открива во неговата книга покојниот новинар и историчар Перо Симиќ.

Луција Бауер била стрелана во 1937 година од Гестапо, како дел од Големата чистка на нацистичка Германија.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Живот

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more
 

Магазин

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе